Home Live Ковачевски откри која му е омилена македонска пејачка а и која му...

Ковачевски откри која му е омилена македонска пејачка а и која му е омилената песна што би им ја нарачал на колегите од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, неодамна објави фотографии од саемот во Белград, каде заедно со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ тестираа вино и муабетеа:

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното.

Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот.“

Инаку, висока македонска делегација, предводена од премиерот Ковачевски, беше во Белград, на промоцијата како дел од Отворен Балкан минатата недела.

Придавката „македонски“ ја има секаде на промотивниот материјал на Саемот за храна, вино и туризам во Белград, а парите што се трошат за активностите таму се директна поддршка на бизнисот од што се очекуваат повеќекратни придобивки.

Вака, во една реченица, може да се сумира одговорот на Владата откако опозицијата на прес-конференција денеска обвини дека среде криза се трошат 400 илјади евра за промоција и се бара во промоцијата да не се споменува „Македонија и „македонско“.

„Апелираме да не се шират невистини, кои ни носат само штета. Настанот во Белград е значаен за промоција и поддршка на македонската економија и извозниот потенцијал на македонските вина и храна, но и важен за развој на туризмот како и за поврзување и заедничка соработка на земјите од регионот.

Придавката ’македонски‘ може да се види секаде на промотивен материјал и е составен дел од сите материјали со кои се промовираат македонските производи, храна, вино и туризам.

Сите досега објавени материјали во јавноста ја содржат таа придавка и истата е составен дел од материјалите на другите јазици“, велат од Владата во одговорот до „360 степени“.

За парите за промотивни активности, пак, велат дека се наменети за поддршка на македонските винарии и компании кои учествуваат на саемот, што според Владата, е директна поддршка на бизнисот.

Петар Георгиевски или Перо Камиказа, нашиот познат музичар од групата „Меморија“, сподели видео од гостување на премиерот Димитар Ковачевски на ТВ Сител, и тоа на 8 септември и му се обрарти со овиe зборови:

– Е Друже Таче ,Друже Таче. Единствено место кај што можеш слободно да кажеш Македонија остана песната од Меморија и Македонската химна. На химната, дозволи да ја нема строфата на Македонските Илинденски херои ,неколку пати,дури и кога се изведуваше инструментално?!

Не видов некого да казниш ,или бар да укориш, за таков голем гаф, или бар да се оградиш!!!

А Меморија,замоли да биде ослободена од ДДВ за да можат повеќе граѓани да ја слушнат ,и се разбира “министерката за култура“од “нашата земја“тоа им го овозможи на еден куп “странски изведувачи“,(нема да набројувам на кој се не,и пари му даде),но не, и на Меморија.

Македонија,Македонската химна,и Меморија се сакаат со срце ,дела и душа а не со декларативни изјави .Македонија вечна. Честит празник 8 ми септември!!П.С. Со мало задоцнување!!!Погледнете ги последните 20 секунди!!!“, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Имено, во гостувањето, водителката Јована Стојменовиќ го прашува премиерот кои личности и нешта го асоцираат на Македонија, а тој наброја спортисти, успешни луѓе од науката, биснисот, но и музичари.

-Ние ја имаме Вска Илиева, исто така ја имаме и Калиопи, и Тоше Проески, и низа на други успешни музичари коишто не претставувале во светот, како Нацов денеска, и така натаму“, рече премиерот меѓудругото.

Потоа, водителот Александар Блажевски го праша- Кога ни требало песна да им нарачате на оние колеги од Европска Унија, еве од вашата земја која би ја нарачале? Тој одговори вака:

-Тоа е прво македонската химна, и мојата омилена песна „Македонија“ од групата „Меморија“.

Previous articleCпенџарска се пофали дека конечно има каде да спие: Знаете кога ќе имате каде cи легнете, на свој кревет…
Next articleЛила откри што прави кога ќе дознае дека ја оговараат