Home Live Лила откри што прави кога ќе дознае дека ја оговараат

Лила откри што прави кога ќе дознае дека ја оговараат

Лила со долгите години ТВ стаж зад себе, прерасна во голема ѕвезда, а сега веќе е и успешна инфлуенсерка со повеќе од 200 илјади следбеници на Инстаграм.

Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.

Лила веќе има снимено неколку песни, а сега реши повторно да ѝ се врати на музиката, па сними дует со младиот пејач Филип Пешевски минатата година.

Таа на промоцијата на својата нова песна, дуетот со Филип Пешевски, целата блескаше. „Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариетра. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.

Пешевски е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. За песната е реализран и видео клип во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василвски -Фаци.

На промоцијата. Лила облекла провокативно фустанче со чипка, а по сторињата се гледа дека како вистинска ѕвезда нејзиниот соработник Спасе ја земал од дома и заедно заминале на промоција.

Лила изгледа совршено, и внимава на исхраната, но и таа знае да си даде оддишка некогаш, па објави слики како се слади со сендвич од Мекдоналдс и напиша: Само едно залче.

Лила во една прилика објави ептен фенси слика, на која е облечена само во дуксер, и тоа со Мини Маус. Сликана навечер на скопските улици, водителката на квизот Се или непо напиша: Можеби ќе можеме да уживаме во животот, вечерва.

Лила неодамна објавила слика од одмор, а таа е инаку често на плажа во летниот период. Овој пат, сликана е со своите другарки, а меѓу нив е водителката Јована Стојменовиќ.

На сликата, која од која е поубава, и Лила и Јована и другарките изгледаат топ, секоја чест!

Лила е сега пак во Бодрум во Трурција, со својот пријател и Пр Спасе Јовановски и таа секојдневно објавува слики, видеа од убавините во кои ужива. Кога тргна накај Турција, од скопскиот аеродром, таа се пошегува.

Напиша дека патува за да имаат порталите за што да пишуваат. Едно стори што го објави е како ужива во убав ресторан и пие коктели и на опваа таа откри една приказна:

Кога ќе ми кажат дека ме оговараат“, напиша Лила и со тоа покажа дека баш ѝ е гајле- напротив, таа си ужива во коктелите и во турските специјалитети.

Previous articleКовачевски откри која му е омилена македонска пејачка а и која му е омилената песна што би им ја нарачал на колегите од ЕУ
Next articleТамара го напуштила градот за да живее на село: Има 5 деца, но живее во тешки услови