Home Live Нов бизнис за ќерката и зетот на Алачки кој не е поврзан...

Нов бизнис за ќерката и зетот на Алачки кој не е поврзан со музика- моите деца од денес имаат нов дом

Адријана Алачки е многугу горда на својата ќерка Грациела, но секако и нејзиниот татко, познатиот музичар Горан Алачки. Грациела од 2014 година е во брак со хармоникашот Игор Димовски.

Димовски, кој е еден од нашите најдобри хармоникаши, е ученик токму на таткото на Грациела, Горан Алачки, и ужива изведувајќи македонска народна музика.

Медиумите во 2014 година објавија дека во хотелот „Александар палас“, се случи свадбената веселба на ќерката на Адријана и Горан Алачки, Грациела, која му кажа „да“ на нејзиното долгогодишно момче Игор Димовски.

Преку 300 гости од целиот свет уживаа во музиката на „Академци“ и Драган Мијалковски, но најинтересен беше моментот со играорците од КУД „Кочо Рацин“ каде што членуваат младенците.

Првин Грациела го поведе „тешкото“, а потоа нејзиниот сопруг се качи на тапан, а во стилот на традицијата набргу му се придружи и татко и Горан. Весело, достоинствено и наше македонско ечеа ората на кои Граци, ја покажа сета играорска вештина.

Од познатите личности на веселбата присуствуваа Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева, а вљубената двојка, по благата ракија замина на меден месец во Грција.

Денес, Игор и Грациела се родители на Јана, за која бабата Адријана често пишува на Фејсбук Соколица на баба! Како да го објаснам тоа, ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот а всушност ти ја држиш за раченце додека оди…чудни работи“, рече Адријана во една прилика.

Сопругот на Грациела, Игор, на Јутуб сними микс од песни кој се вика „Пауза за ракија“. Тој и неговиот состав свират прерботки на македонски народни песни но и народни песни од бивша Ју.

Видеото е снимено на сплавот на Свети Наум, и додека Игор и групата сворат мераклиски песни, а сплавот плови по изворите на реката Дрим, може да се забележи дека една од гостинките е токму Грациела.

Сега, тој сними уште продолженија од овој проект, што се доста популарни меѓу луѓето. Има три продолженија на Јутјуб, а најавено е четврто. Изминатиов викенд, се упокои мајката на маестро Горан Алачки, македонскиот најпознат хармоникаш, а инаку Игор Димовски, неговиот зет е негов ученик.

Тажната вест, дека мајка му Натка заминала од овој Свет, Горан Алачки ја соопшти на својот профил на социјалните мрежи:

„Поч ина мојата мајка Натка Алачка“ Горан Алачки често споделуваше фотографии со мајка му. Последните години таа имаше проблеми со здравјето.

По упокојувањето на мајката на Горан, Натка, синоќа на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и Адријана Алачки, со преемотивна порака и се гледа дека била блиска со мајката на нејзиниот поранешен сопруг.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател.

Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет.

Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња.

Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена.

Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!!

Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко.“

Адријана, пред да се упокои мајката на Горан, објавила дека нејзинаниот зет Игор и ќерката Грациела имаат нов бизнис, и објавила слика и видео од отварањето на оваа фирма. Станува збор за продавница за мебел за дом и градина.

Среќата на моите деца е мојата најголема среќа, од денес имаат уште еден дом, FAYDAHOME, чии производи ќе станат дел од многу други… честитки златни мои, браво за Вас и Вашите соработници“, стои во објавата.

Потоа, таа ставила видео од зетот Игор, како настапува со својот бенд со познатиот микс „Пауза за ракија“.

Previous articleЛоба облече мини свадбен фустан со деколте на својата свадба и ја запеа оваа позната руска песна – сите гости „откачија“ (ФОТО)
Next articleВера Мештеровиќ на плажа – сите гледаа во горниот дел од бикинито кој го симна од рамената (ФОТО)