Home Live Лоба облече мини свадбен фустан со деколте на својата свадба и ја...

Лоба облече мини свадбен фустан со деколте на својата свадба и ја запеа оваа позната руска песна – сите гости „откачија“ (ФОТО)

Викторија Лоба е девојка со словенска убавина и глас кој освојува, напиша во една прилика Hybread.mk за оваа убавица.

Лоба во интервјутот за овој медиум зборувала за својот живот како дете во руски Танганрог, преселбата во Македонија, кариерата и плановите во однос на музиката.

-Денот го почнувам со тоа што правам смути од протеини, банана, замрзнато овошје и малку млеко – појадок кој ме држи сита. Сакам да внесувам протеини бидејќи многу добро влијаат на мојот метаболизам.

Исто така обожавам зелена салата, понекогаш (дури и за вечера) ми е доволна во комбинација со домат и краставица.

Многу спортувам, сакам да џогирам, сакам да се искачувам на планини, а во зима сакам да скијам. Сметам дека секоја девојка за да изгледа убаво, прво треба да се сака себеси, но и да се грижи за внатрешната убавина.

Треба да се најде баланс, во однос на грижа за своето тело. Спортот, во комбинација со правилна исхрана, добро расположение го дава идеалниот баланс. Знаете како велат – најубавите луѓе се оние најсреќните.

Слободното време најчесто го поминувам дома и често знаам да кажам дека сум интровертна личност со екстровертна професија. Сакам да ги наполнам батериите кога сум сама.

Инаку, ако не сум дома, немам некое специјално место каде што може да ме сретнат често. Сакам да бидам секаде каде што ми е убаво. Си го сакам градот во кој живеам.

За сега, најдрага авторска песна ми е – „Над небото“, инспирација од италијанскиот филм „Три метри над небото“, каде музиката сама си го донесе текстот, многу лесно го напишав.

Се работи за вистинска љубовна приказна, диско песна, со многу емоции.

Луѓето веруваат дека само преку баладите може да се искаже таа љубовна, нежна емоција, но јас мислам дека и преку современата музика и брзиот ритам како и современите звуци може да се пренесе истата енергија.

Планиран е видео запис, но јас нема да бидам главната ѕвезда, овојпат ќе има вљубен пар. Тоа беше моја идеја, а режисерите, на моја среќа прифатија(се смее)“, рекла Викторија.

Заради обврските, Танганрог не го посетувам доволно често во последно време, меѓутоа кога одам таму се навраќам на детството, бидејќи до прво одделение живеев и учев таму, а од второ одделение живеам во Македонија, во Скопје.

Имам семејство таму и секогаш ми е убаво да се враќам. Срце полно емоции имам за тоа место кое што се наоѓа на Црно Море, градот на Чехов, основоположникот на драмата во светот. Танганрог е град богат со културни манифестации, светол и убав град“, изјавила Викторија за својот град.

Викторија и Ѓорѓи, по црковната венчавка во Охрид која се одржала во црквата Свети Јован Канео на 29 август, и таа за ова обзнани на Инстаграм, имале свадба во Скопје и тоа многу весела.

Според сторињата што ги објавила нивна пријателка, убавата Вики прво била облечена во долг невестински фустан.

Потоа, се раскомотила во краток, со деколте и со оглед на нејзиното руско потекло и руската крв која вриела во неа во текот на веселбата таа испеала позната песна од нејзината земја.

На едното стори се гледа како Викторија ја пее „Катјуша“. Катјуша е руска народна песна за девојка по име Катјуша која пее песна додека нејзината љубов се бори во вој на.

Додека Лоба пеела, гостите околу неа полуделе, играле, скокале, а таа направила една фантастична атмосфера, а потоа, по руската песна ја пеела „Ледена“ од Тоше Проески.

Previous articleБеше една од нашите најзгодни поп пејачки, се омажи, си замина од Македонија, сега запеа народно, и се пофали со деколтето (ФОТО)
Next articleНов бизнис за ќерката и зетот на Алачки кој не е поврзан со музика- моите деца од денес имаат нов дом