Home Live Cпенџарска се пофали дека конечно има каде да спие: Знаете кога ќе...

Cпенџарска се пофали дека конечно има каде да спие: Знаете кога ќе имате каде cи легнете, на свој кревет…

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска приватно гаи пасија кон модата, тенденциите, уличниот стил и се она што се поврзува со модната естетика и креативност“, објави во една прилика Фешнел а таа за овој медиум раскажа како се подготвува за на одмор.

Неколку дена пред одмор знам да анализирам што точно ми треба пред да тргнам во пазарење.

Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали, а што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички.

Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни.

Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини. Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.

-Најважно од се е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите. Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене.

Но, и јас сум од оние девојки што се жалат дека немаат што да облечат, сепак кога ќе подразмислам подобро, проблемот никогаш не е во немањето гардероба, туку недостиг на инспирација.

Во летна сезона најмногу ми се допаѓа коженото „пенкало“ здолниште во комбинација со краток топ во впечатлива боја, но и за таквата комбинација како и за сите други важно е да знаеш како да го носиш.

Не ми се допаѓа кога ќе видам девојки со конституција што не дозволува одредени трендовски парчиња како краткиот топ, или пак моментот што се уште се носат силиконски прерамки и пренатрупани циркони како детаљ. Иако се потпираме на тоа дека се е работа на вкус“.

Еден од статусите на Јелена на кој жените позитивно реагираа вели: „Да не се лажеме, не се плашат мажите од силните жени. Се плашат од фактот што тие можат СЕ и без нив“.

„Некои недели се за НЕправење ништо! Истегање во кревет. Попладневна дремка.. Дукс и долен дел пижами…

Гледање цела сезона од омилената серија, без прекин, само да идеш до тоалет или до кујна по чипс или сладолед…

Некои недели се за боси нозе, книги и кафе. За шетање. Долго, во природа. И тишина, додека сонцето ти се одмара на телото.

Некои недели се за соништа, сонување, солзи, насмевки и долго туширање. За правење колачи додека ја бараш станицата на радио со омилените песни. Некои недели се за дишење!!! ДИШИ!“. порача Спенџарска и додаде во друг статус:

„Во мене понекогаш живеат две личности: Една која сака да оди по планини, пустини, на сафари, да јаде полжави и да скока со падобран и друга која сака да гледа серии и да се ‘дави’ со помфрит во замрачена соба !

Денес среќа па сум првата“, напиша Јелена под среќната слика.

Спенџарска на Инстаграм објави дека ќе се сели во нов стан и напиша дека почнува од нула, тоест дека има многу малку работи за почеток на нејзниот нов живот во нов стан.

-Неколку дена останувам во Скопје за да се средам во новиот стан. Колку-толку де. Немам ништи друго освен кујната што ќе се монтира деновиве. Ништо друго!

И некако чувствувам и хаос и мир во исто време, знам дека морам да земам толку многу работи, а друга страна си викам, имам кујна, еден душек за почеток, па полека едно по едно, се ќе си купам.

Не знам што е попаметно искрено, ама не сакам никаков притисок од никој, па викендов си резервирав во мое Берово, во Аурора, да одморам малце, па ќе видиме што е следно“, напишала Спенџарска на Инста.

Јелена на Инста стори кажа дека е конечно при крај со селењето и овој понеделник и бил толку многу убав зашто ги има завршено повеќето работи околу станот. „Знаете кога ќе имате каде си легнете, на свој кревет…

Вецето ми е намесетено, кујната ми е наместена, некако, се чувствувам многу убаво после два дена спиење во мојот стан и конечно ќе се вратам на Инстаграм и ќе си продолжам со сите оние работи коишто ги правев.

Некако многу сум весела и хепи, и нека биде ова еден многу убав и нов почеток за мене, а и за сите вас коишто поминувате низ нешто слично, кажа Спенџарска на Инста стори и напиша дека нејзиниот нов стан има убава енергија.

Previous articleВо осмата деценија, не му недостасува енергија- нашиот легендарен актер уште има сила да игра претстави и да реди награди, ова е неговата приказна
Next articleКовачевски откри која му е омилена македонска пејачка а и која му е омилената песна што би им ја нарачал на колегите од ЕУ