Home Live Тамара го напуштила градот за да живее на село: Има 5 деца,...

Тамара го напуштила градот за да живее на село: Има 5 деца, но живее во тешки услови

Иако има профил на Инстаграм со голем број следбеници, Тамара сака да ги истакне позитивните работи на животот и не сакаше да ги споменува лошите услови за живот на село.

Тамара Перовиќ од мала сонувала да биде новинарка, но потоа го родила своето прво дете и се посветила на семејството.

Таа денес има пет деца и решила да го замени животот во градот за живот на село. Со семејството се преселила во Црна Трава, во старата куќа на нејзината прабаба бидејќи само таму можела да обезбеди покрив над своите деца.

Како што вели, отсекогаш сонувала нејзините деца да растат во природа, опкружени со зеленило и животни. И таа им подари таков живот.

Децата секојдневно берат боровинки, шумски јагоди, си играат со козите, коњите, мачките и кучињата. Тие уживаат во природата. Меѓутоа, кога треба да влезат во куќата, ги чека горчливата вистина – живот во многу тешки услови.

Во нивната куќа нема бања, децата се капат во корито, а мора да одат до тоалет на стотина метри од куќата – во полски тоалет.

Пред два месеци од добрите луѓе добија нови прозори кои наскоро ќе ги постават и успеаја да собират пари за да изградат бања.

Сепак, остатокот од куќата е во катастрофална состојба, а Тамара долго молчеше за тоа, иако има силно влијание на социјалните мрежи, каде нејзиниот профил го следат повеќе од 35.000 луѓе.

– Убавата страна на животот на село решив да ја споделам на Инстаграм. Навистина уживаме во природата и во сето она што ни го нуди животот во Црна Трава.

Децата јадат здрава храна, дишат чист воздух, растат со животни, среќни се! Никогаш немаше да барам пари или помош, ако една девојка од моите објави не сфатеше дека немаме бања и не почнеше со акција пред два месеци.

За среќа, тие пари брзо ги собравме. Сепак, татко ми е единствениот занаетчија, така што се оди многу бавно, но сигурна сум дека бањата ќе биде готова до зима – вели Тамара за Информер.

Дека нејзината куќа не е куќа од бајки, јавноста дозна дури сега.

– Девојката која минатиот пат ја започна кампањата дојде да не’ посети и виде дека немаме нормална кујна, фрижидер, шпорет, машина за перење.

Ги виде моите деца како трчаат по бетонот во нашата куќа, дека ѕидовите се во катастрофална состојба и се шокираше.

Ме праша зошто го кријам сето тоа. Се срамев да зборувам на оваа тема, се надевав дека јас и мојот сопруг ќе успееме да создадеме се’ што им треба на децата, но таа ме поттикна да побарам помош. Се надевам дека ќе успееме – додава таа.

Како што наведува Тамара, луѓето кои и помогнале досега застануваат кај нејзината куќа кога ќе дојдат на езерото Влашин.

– Многу ни помогна кој и да донирал и сто динари. Луѓето доаѓаат, уживаат во нашиот двор, играјќи си со деца и животни, но се шокирани кога влегуваат во куќата.

Се надевам дека ова ќе се промени, дека ќе успееме да ја уредиме куќата, да изградиме мала фарма и дека ќе можеме да бидеме домаќини на сите добри луѓе кои ни помогнаа, како и на оние кои сакаат да видат како изгледа животот на село – вели Тамара.

Иако има и такви кои ја осудуваат што родила пет деца, Тамара вели дека нејзините деца немаат многу, но дека се среќни, здрави и исполнети.

– Мислам дека можам да правам нешто само на село, да заработам пари за утре да ги образувам и да ги испратам на факултет. Среќата е во семејството, а не во милиони – заклучува тој.

Previous articleЛила откри што прави кога ќе дознае дека ја оговараат
Next articleКамила ѝ оддаде почит на свекрвата, кралицата Елизабета: На себе стави нешто многу вредно (ФОТО)