Home Live Вера Мештеровиќ на плажа – сите гледаа во горниот дел од бикинито...

Вера Мештеровиќ на плажа – сите гледаа во горниот дел од бикинито кој го симна од рамената (ФОТО)

Вера Мештеровиќ остана запаметена како една најпознатите и најубави македонски манекенки, која и денеска изгледа подеднакво добро како што тоа беше случај во златните 90 – ти.

Прекрасната Вера Мештеровиќ македонската публика ја памети како Мис на Македонија во 1996 – та година, но и како една од најекспонираните и најбараните манекенки.

Со Вера, во една прилика во Фешнел разговарале за тоа што ја исполнува денеска, за тоа дали некогаш повторно би се вратила на модните писти, за семејството, децата и нејзините омилени парчиња од плакарот.

Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови. Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар. Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.

Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…

Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.

Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.

Ме исполнува мајчинството и семејството, а покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски. Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството“, изјави таа.

Многумина би ѝ позавиделе на Вера убавината, на грациозноста, но и на среќата и на позитивниот став.

Таа во својот најно статус на Инстраграм минатата година се пофали со нов ангажман. Имено, Вера стана водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

„Здраво Македонијо“, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки:

Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети,рецепти,информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење.

Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50часот“, напиша Метштеровиќ.

Вера изминатиов викенд уживаше на плажа, и се сликаше во провокативо издание. Таа во својот пост на Инста порача: Мислиш дека слушам, но јас навистина само го планирам мојот следен дизајн на ноктите во мојата глава“.

Иако изгледа дека Вера на прв поглед навистина го покажала маникирот, таа всушност привлекува повеќе внимание со горните купаќи кои ги симнала од рамената и со нив се сликала на плажа.

Previous articleНов бизнис за ќерката и зетот на Алачки кој не е поврзан со музика- моите деца од денес имаат нов дом
Next articleСопругата на нашиот познат актер во улога на модел, еве кој наш познат бренд за техника ја ангажираше Магдалена (ФОТО)