Home Live Во осмата деценија, не му недостасува енергија- нашиот легендарен актер уште има...

Во осмата деценија, не му недостасува енергија- нашиот легендарен актер уште има сила да игра претстави и да реди награди, ова е неговата приказна

Легендарниот актер Мето Јовановски, кој е успешен и познат во цела поранешна Југославија минатата година беше лауреат на МФФ „Киненова“. На панел дискусијата која се одржала по проекцијата на култниот филм „Тетовирање“ на Столе Попов тој кажал:

„Знам дека го имате гледано филмот, некои можеби и по неколку пати. Но, дефинитивно е култен филм, а Столе е ретко добар режисер. Ако зборуваме за колегијалноста од тој период, едноставно изборот на актерите во тој филм се пред се големи професионалци.

Имаше неколку актери од Белград, бидејќи во тоа време се соработуваше, се работеше со многу желба, со многу љубов кон професијата, организациски беше беспрекорно. Денес таков филм малку потешко може да се снима.

Снимањето во тој простор, таков каков што е, не е едноставна работа. Има големи последици затоа што многу од тие сцени се документаристички, автентични, луѓето кои играат таму, статистите се вистински затвореници.

Имаше многу од нив кои извршиле тешки криви чни дела и споделуваа со нас некои моменти. Има во филмот еден статист кој ги храни птиците-тој е осуден за трократно уби ство. Имаше повеќе такви случаи.

За нив беше привилегија да бидат во екипата, да бидат со нас, за нив беше тоа шанса да побегнат од сивилото“, рече Јовановски тогап, а пренесе МКД.мк.

По пензионирањето, неговиот динамичен карактер не дозволува тоа да значи крај за неговите настапи и улоги и продолжи да го пренесува театарското, филмското, режисерското искуство.

„Шеста година работам со студенти и многу сум задоволен, зошто има студенти кои се прекрасни. Навистина е прекрасно да се работи со млади луѓе, една нова генерација која има свој нов сензибилитет и на друг начин ги гледаат нештата.

Жално е што завршија многу талентирани деца, кои покажаа неверојатни резултати, но многу е тешко да се вработат. Тоа е голем проблем. Младите луѓе треба да имаат можност да одат во светските или европските центри да соберат искуства.

Треба да им се даде шанса. Овде сакам да истакнам дека имаме снимено краток филм „Божиќно дрво“ кој го снимавме на Козјак и се надевам наскоро ќе го прикажеме“, заврши Јовановски.

-Театарот за мене е основа, тој е многу важен. Но, филмот е една магија со која тешко се постигнува резултат поради многу фактори.

Сепак, според мене, вистинската работа за актерот е токму театарот, затоа што е потребен професионалец кој целиот свој живот ќе му го посвети – рекол Јовановски, откако ја добил на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал „Киненова“.

– Живееме во време на големи промени, девијантни, ретроградни појави и бројни конфронтации.

Во таква средина, како уметник, не би можел да кажам дека сум среќен и слободен. Зборот „демократија“ се користи многу, но демократијата не е анархија.

Но, тоа е време и простор во кој живееме со желба за услови и средина во која можеме да бидеме слободни и креативни, да почитуваме и следиме некои универзални вредности како обележје и водич за подобар живот“, изјавил Јовановски во интервју за Црногорски портал, kodex.me

Зборувајќи за денешната општествена реалност, Јовановски посочува дека многу работи сме слушале и набљудувале, објави за нашиот актер visoko.ba, босански портал. „На луѓето им е смачено од се и ни требаат некои други универзални вредности кои ќе не водат кон подобар и похуман живот“, истакна тој.

„Национализмот никогаш никому не му донесе ништо добро. Некои профитираа од тоа, им нанесоа штета на другите и на крајот самите треба да ја платат цената. Се се плаќа и се враќа. Се си има своја цена, прашање е дали ќе го платиме со пари или со срце и душа“, рече тој.

Јовановски е добитник на бројни награди за улоги во филмови и театарски претстави, како и на голем број државни награди и признанија.

„Го почитувам секое признание, аплауз или честитка од обичните луѓе и тоа многу ми значи бидејќи се што правиме е за гледачите и за нашата публика. Награда или признание е верификација за тој креативен театарски чин.

Но, тој признава дека тоа мора да делува како стимул, бидејќи како што вели една кинеска мудрост: „Ако не знаете како да ја носите наградата, тогаш не сте ја ни заслужиле“, рече тој.

Иако е во осмата деценија, не му недостасува енергија и инспирација. Јовановски ни кажува како да се биде актер е голема чест и привилегија, но и голем предизвик кој бара многу жртви.

„Да влеземе во светот на креативноста и барем за момент да го заборавиме тој црно-бел свет и да ја споделиме радоста со гледачите и да ја славиме креативноста и уметноста како најголема универзална вредност, како зрак светлина против темните стереотипи на заостанатост и се што ја уби ва човечката душа“, заклучи тој.

Неговата активност и инспирација доаѓаат до израз и сега. На 76 години, тој уште игра, а претставата „Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар во која е Мето, доби две награди, НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА И НАЈДОБРА РЕЖИЈА на фестивалот во Ниш.

Ова е трето меѓународно гостување на „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ. Драмски театар годинава имаше забележителни изведби на оваа престава и на гостувањата на ревијалниот фестивал РУТА во Подгорица и на 56-то издание на Стериино позорје во Нови Сад.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Роден е во 1946 година во село Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година,  завршил Театарска академија во Бугарија, и истата година се вработил во Драмскиот театар.

Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите.

Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија

Previous articleСо ваква слика ретко кој може да се пофали – Лиса Баута објави заедничко фото со Кралот Чарлс
Next articleCпенџарска се пофали дека конечно има каде да спие: Знаете кога ќе имате каде cи легнете, на свој кревет…