Home News Боки Бургија: Жената бре, не ја бива за шефица на шанк у...

Боки Бургија: Жената бре, не ја бива за шефица на шанк у Бокијева “Лименка“, а камо ли за нешто поголемо

Состојбата на нетрпеливост меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, за која јавноста многу не знаеше, а која тлееше со месеци наназад, деновиве конечно кулминираше и завршува со прекин на соработката.

Градоначалничката Арсовска вчера го смени директорот на скопски Водовод Перински, како и генералниот секретар на Град Скопје, а денес повеќе директори од ВМРО-ДПМНЕ си поднесоа оставки.

Вчера сега веќе поранешниот директор на „Водовод“, Перински одржа прес, на која непоканета дојде Арсовска, а денес тој се дообјасни во своето гостување во вестите на Сител.

Тој зборуваше за неговата комуникација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Јас еве преку два примери ќе ја објаснам нашата соработка. Соочени со енергетската криза уште во февруари/март подготвивме план и стратегија за справување со неа и и предложивме на градоначалничката проект со поставување на соларни панели за да можеме да ја супституираме енергетската потрошувачка на водовод со 67 до 68%, значи да инвестираме 10 милиони евра за водовод и канализација Скопје да биде скоро 70 % енергетски независен.

До ден денес немам одговор за тоа, тоа е прва работа. Втора работа, пречистителна станица, ми поднесе барање да ја сменам евалуационата комисија, дописот и е вратен мислам 8, 9 или 10 август не ме држете за збор точно за датумот и од 10 август до петокот немам никаква повратна информација од градоначалничката, за во петокот преку смс да ми каже дека ќе бидам обвинет дека доколку не постапам согласно нејзиното барање.

За волја на вистината утредента еден медиум соопшти дека има потенцијален криминал и во понеделникот, пазете на денот на отварањето на финансиската понуда да добијам решение за разрешување, истакна Перински.

Тој во текот на своето гостување посочи дека градоначалничката цело време била информирана за целата постапка со тендерот за пречистителна станица.

-Видете процесот на евалуацијата на понудите, за тоа е задолженa само евалуационата комисија, под буден мониторинг на странските консултанти и на лидер банката во случајот Европската инвестициона банка.

Ниту јас имам ингеренции да влијаам, ниту пак да бидам присутен на сеансите при евалуацијата, ниту градоначалникот, ниту ниедно трето лице кое што не е член на овие комисии.

На неделна основа, секоја недела има прогрес митинг, на месечна основа бевме поканети и јас и градоначалничката и тоа може да се провери во линкови, во мејлови се пратени тие покани, доколку градоначалничката ценела дека би требало да го прати прогресот на активности во спроведување на евалуационите комисии и на нивната работа до каде е, не на суштината што они гледаат и ценат бидејќи нема право тоа да го прати, она можела да биде онлајн присутна на тие состаноци, кажа Перински.

Данела Арсовска сега, покрај загубената поддршка од ВМРО-ДПМНе, неизвесно е дали ќе има поддршка од СДСМ, чиј кандидат Петре Шилегов ја загуби трката на последните локални избори, токму од Арсовска.

Човекот кој важи за близок до политиките на СДСМ, писателот Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, денес во статус на својот профил на социјалните мрежи, кажа што мисли за Арсовска:

„Еј другарки и другари, девојки и дечки, дами и господа, ај да не се лажеме.

Тоа дека Данела била против корупцијата, против наместени тендери, дека сега може да стави врвни директори, затоа што ќе ја напушта подршката од ДПМНЕ, дека ќе се приклучи на СДСМ и други глупости, или конечно ќе стане вистински независна, се бајки за мали деца. Таа никогаш не била независна, ниту ќе биде, а доколку влезе во тој филм на чесност, тек тогаш нае .ала.

Жената бре, не ја бива за шефица на шанк у Бокијева “Лименка“, а камо ли за нешто поголемо. Ако ова до сега не ви е јасно, ондак, грдно сте се заебале.

Данела може само да се прпелка на позицијата док некој не и го пукне филмот и, како иоле нормална личност, рече, ало дечки : “Дојдов, видов, сВе заебав. ЌАО…! И толку…“

Previous articleСоветниците од ВМРО: Данела лаже – вчера ги фалеше директорите за кои денес вели дека несоодветно работеле
Next articleНаум раскажа зошто младите се селат од Македонија, а откри и приказна како дали им ги менува пелените на внуците од Анастасија