Home Live Дебаpлиева беше cкарана со оваа нејзина колешка, еве како cи ги „закопаа...

Дебаpлиева беше cкарана со оваа нејзина колешка, еве како cи ги „закопаа секирите“ пред да си оди од Канал 5

Билјана Дебарлиева, нашата позната презентерка деновиве беше во центарот на виманието, откако на Фејс објави дека нема да биде веќе во Канал 5 ТВ, но не кажа дали продолжува на друга фреквенција и каде. Годинава, таа и нејзиниот сопруг Јован ќе прослават 27 години брак.

-Навистина речиси три децении, следната година се одбележуваат точно триесет години од моето прво појавување на ТВ. Како бројка звучи многу, ама мене чувството ми е како сè да поминало во еден миг.

Многу емисии, многу проекти, а преку нив присутна во домовите на многу семејства, пред сè, редовни гледачи.

Нивната почит секогаш ми дава мотив плус да го задржам истиот квалитет, дури да бидам и подобра, зашто како велат, годините си го носат искуството, ама уште поголема е одговорноста со секој изминат ден, месец, година.

Човек учи додека е жив и исто толку треба да вложува во себе и во својата професија. Инаку, креативноста ја црпам од секојдневието, потребите и желбите на гледачите.

Поинтересно е кога работите на разновидни содржини, тогаш не ви здосадува ниту вам, ниту на публиката пред малите екрани.

Се менуваат времињата, се менуваат генерациите, ама, за жал, морам да кажам, не на подобро, барем кога станува збор за негувањето на македонскиот литературен јазик, посебно од страна на јавните личности.

Ние, лицата од медиумите сме тие од кои младите генерации треба да го земат примерот за убаво и правилно говорење.

Треба многу да се работи, многу да се чита, да се практикува литературниот говор во секојдневието.

Имав среќа во четирите години од моето средно образование да имам професорка по македонски јазик која толку многу ми ја влеа љубовта кон македонскиот литературен јазик, што беше одлична основа за она што потоа беше моја професионална определба, а ја работам до денес.

Многу е важно прво да сакаш, а потоа и да го зборуваш и да го негуваш литературниот јазик, нешто што, за жал, помладите генерации сè помалку го практикуваат“, рече Билјана во едно интервју за betty.mк

Потоа ја прашаа: Дали се сеќавате на Вашето прво појавување пред камерите? Кога би се навратиле во тоа време, има ли нешто што Ви недостасува денес?

-Како не, го памтам како вчера да беше, збунета, исплашена, несигурна во себе, дали ќе прочитам како што треба.

Се сеќавам дека 100 пати го прочитав текстот претходно и фокусирана само на зборовите и речениците, сум ставила маскара на трепките само на едното око, додека читав во живо еден прамен од косата ми паѓаше на лицето, ама јас не се помрднав, зашто најважно ми беше да прочитам точно, без да згрешам.

Со текот на времето сè станува рутина, па некои такви ситни работи не се ни битни, знаеш како да се справиш со нив во моментот. Во секој случај, остануваат убавите спомени од едни убави времиња за кои секогаш со задоволство зборувам!

Обврска која со леснотија ја прифатив како дел од мојата професија, моето секојдневие. Не е лесна и едноставна, зашто кај мене е рана утринска обврска да станеш кога ти е најубаво спиењето, да се нашминкаш, да се дотераш и да изгледаш одморено, свежо, насмеано.

Ама кога ќе го навикнеш биоритамот на организмот така да функционира, веројатно и полесно се извршуваат тие рутински обврски. Јас секогаш од дома излегувам комплетно средена и кога веќе ќе влезам во ТВ, со насмевка го упатувам првото добро утро до гледачите.

Сакам да изгледам убаво и за мене и за гледачите кои некогаш случајно ќе ме сретнат и на улица. Брзината на подготовка ја стекнав и со годините, верувајте дека буквално за 20 минути сум подготвена да се појавам пред камерите“, раскажа Билјана.

Дебарлиева е една од оние наши познати личности што кариерата ја гради со коректен однос со соработниците и љубезен разговор со своите гледачи.

Најпознати се нејзините семејни емисии чиј автор беше во некогашната „А1 телевизија“. Многу колеги од телевизијата која згасна пред повеќе години се и сега во истата ТВ куќа со Билјана.

Една од нив е и нејзината колешка, презентерката Татјана Стојановска. Многумина двете презентерки ги поврзуваат, ги споредуваат поради тоа што и двете имаат долгогодишен стаж и се професионалци во својата работа.

Но, вистината е дека не цветаат рози во нивниот меѓусебен однос. Татјана и Билјана иако на работното место се однесуваат професионално и ги извршуваат потребните обврски, приватно не се сакаат многу.

Двете водителки со години веќе приватно не се дружат поради несогласувања кои и дветe не можеле да ги надминат. Затоа, во последно време не можат да се видат заедно на јавни настани, и на нивните профили на социјалните мрежи нема заеднички фотографии“, објави во една прилика Галама.

Но, изгледа дека тоа веќе не важи и познатите презентерки сега се смириле. Женски магазин неодамна објави дека на Фејсбук, таа се сликала со своите колешки, Татјана Стојановска, Даниела Богоевска и Славица Дулјанова, кои ѝ посакаа среќа во новите предизвици.

Изгледа дека дбете убави жени, наши презентерки ги закопале секирите, и се во добри односи. И без оглед што секоја е на своја страна, меѓу нив нема лоша крв- како што се вели во народот.

Previous articleИ на крај на сезоната, лежалките во Охрид скапи, 20 евра за да се изнајмат две во познат хотелски комплекс
Next articleНашиот познат пејач се збогува од колегата од кој многу научил- му упати емотивна порака за крај