Home Live Емилија Розман во друштво на стар добро познат пријател, сите гледаат во...

Емилија Розман во друштво на стар добро познат пријател, сите гледаат во една работа (ФОТО)

Розман која е инаку по професија дефектолог и активен волонтер во Црвениот крст ја раскажа љубовната приказна со Стефан:

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа.

Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми.

Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид.

На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас.

Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод.

Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил.

Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјавила Розман.

Но, бракот на манекенката и на угостителот кратко траеше, само неколку недели. Како што објави дека ќе се мажи, така објави и дека ќе се разведе.

Изгледа дека оваа вест за многумина беше поневеројатна од онаа дека се венчаа познавајќи се само два дена.

Медиумите постојано пишуваа за разводот на Емилија, а таа им одговори со објавата на Инстаграм: „Тешко ми е“, зборови кои ги напиша до провокатовна фотографија.

Потоа, Емилија повторно објавуваше среќни слики. Таква една објави минатата година, како држи букет цвеќе и на неа напиша среќа. Не се пофали од кого ѝ е цвеќето и кој ја прави толку среќна.

Во една прилика таа објави пост врзан со мажачка. Изгледа дека манекенката навистина знае да се шегува на своја сметка и со тоа знае да ги насмее и да ги рзвесели своите фанови и пријатели.

– Месец дена од 2021-ва, а сè уште се немам омажено“, напиша таа и веднаш собра многу лајкови и коментари.

Еден од пријателите ѝ рече: Јас сум тука за тебе, друг пак коментираше: Животот е пред тебе, а трет: Нема жити мајка, ќе усреќиш некој“, пишуваше до објавата.

Емилија на први март минатата година, објави уште едно шеговито видео на кое луто ги пее стиховите од Каролина Гочева од песната „Први март“: Први март, со неа ти, чуден бол во моите гради.

Ти, после се’, така да ми вратиш. Први март со неа ти, останав сама без здив, те сакам јас, те мразам јас, оди си“, велат стиховите на оваа песна.

Во видото на Инстаграм, Розман пее во автомобил, со балони околу неа и напишала: Среќен Каролина Гочева ден.

Убавицата објави статус поврзан со нејзиниот бивши и со времето надвор и напиша: Времево надвор ме потсеќа на врската со бившиот. ПЕКОЛ.

Емилија сподели слика дека многу ослабела, тоест 10 килограми за само три недели. Емилија за оваа нејзина трансформација поради која изгледа топ рече: 3 неделки, 10 килограми. Се’ се може кога се сака“, напиша Емилија на Фејсбук.

Во една прилика, Розман раскажа за нејзините почетоци во манекенството.

– Започна отприлика околу мојата 17та година, реално цел живот бев машкоданка, обожавав да играм фудбал, да играм кошарка, не ги сакам многу многу оние барби работи на некој начин не ми беа така привлечни интересни.

И брат ми често ми кажуваше “Не треба да се каеш за работите што ги имаш направено, но за тие работи кои ги немаш направено”.

Јас на 17 год. со мојот детски мозок размислував што јас немав направено во мојот живот, нели на таа возраст е огромна работа да имаш 17 години (хаха) и дојдов до заклучок дека може треба да пробам нешто така по женствено да бидам манекенка.

Познато е дека Розман е долгодишна пријателка со Зоки Фаци кој објави слика со „Мис убавицата“ на својот Инстаграм. Зоки си го украси својот профил со заедничка слика со Розман, под која во описот напиша дека му е стара пријателка.

„Стари добри пријатели, јас и Мис на Македонија, Емилија Розман“, стои во објавата на Зоки. На фотографијата, Емилија е средена до најситен детањ, како и секогаш, но голем впечаток остави нејзиното длабоко деколте.

Previous articleКалиопи објави емотивна приказна за мајката на Тања и на Лидија Кочовски, Невена, која неодамна се упокои
Next articleНАУМ: Скопје не може да истpпи уште еден мрзелив, лажлив и дволичен градоначалник – дај си оставка