Home Live Му се роди девојче: Познатиот фудбалер ѝ посака добредојде на малата Искра...

Му се роди девојче: Познатиот фудбалер ѝ посака добредојде на малата Искра (ФОТО)

Скопјанецот Александар Трајковски кој неодамна наполни 30 години, а кој уште пред седум години потпиша за италијанскиот клуб Палермо, е познат во светот на фудбалот како наш репрезентативец, кој е во професионалниот спорт уште од рана возраст.

Хрватскиот клуб Интер Запрешиќ своевремено го чекал да наполни 18 години, за да почне да игра за него, а потоа, кога имал 19 години белгискиот клуб Зулте Варегем за него платил еден милион евра, пишува Фокус.

Александар Трајковски (роден на 5 септември 1992 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач.

Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим.

Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години.

Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена.

Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.

Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо. Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута.

Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.

Својот прв погодок за “сицилијанците” го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.

,,Ништо во животот не можеме да постигнеме ако ја немаме поддршка од најблиските.” Токму голот со кој ја вивна Македонија во фудбалското небо, Трајковски му го посвети на семејството и на цела Македонија.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“ – напиша на Инстаграм Трајковски.

Тој е во брак со згодната црнокоса Александра. Плод на нивната љубов е синчето Матеј кој има 5 годинки.

Од фотографиите на социјалните мрежи гледаме дека Александра и синот често го придружуваат сопругот на патувањата, пишува Женски Магазин.

Имено, сопругата на Трајковски, Александра која е по потекло од Шабац, а моментално со семејството живее во Палма Де Мајорка во Шпанија често објавува слики од синчето и сопругот на социјалните мрежи, а се чини дека тие двајцата му се најголема поддршка на Трајковски.

Инаку на својот Фејсбук профил, Александра има ставено насловна фотографија со нејзиниот сопруг од свадбата каде што за раце се држат во црква и се заколнуваат на вечна љубов.

Изгледа дека овој спомен и’ е многу драг на сопругата на Трајковски, а во дескрипција напиша: „Првиот брак ќе ми биде единствен брак.

Ако има проблем, ќе го решиме. Нема откажување. Нема проблем што Господ не може да го реши, напиша таа под фотографијата.“

Во коментари често се сретнуваа зборови како „многу мудро“, а од нивната љубов која често ја истакнуваат на социјалните мрежи се чини дека на никој не му е доста бидејќи ги воодушевуваат сите.

Фудбалерот Трајковски на својот Инстаграм профил е многу активен, а неговата тема на социјалните мрежи е фудбалот и семејството, односно неговата сопруга Александра и синчето кои постојано ги објавува и покажува колку многу ги сака.

Трајковски објави семејна фотографија на својот профил каде што можеме да видиме дека сопругата Александра и тој очекуваат принова.

Александра на фотографиите го држеше стомакот кој видно беше истакнат, а потоа во коментари почнаа да им честитаат.

Трајковски утрово ги израдува своите следбеници кога објави дека неговата Александра му го донесе второто чедо на свет. Александар и Александра станаа родители по вторпат и тоа на ќеркичка на која и’ го дадоа прекрасното име, Искра.

„Љубов моја, жено, кралице, фала што ни донесе на свет една принцеза. Ја роди нашата Искра. Со твоето раѓање, мамините радосни солзи станаа бисери, тоа е љубов која со голема мака и исрпеност се наплаќа со насмевка.

Ти благодарам љубов што ме направи најсреќниот и најгордиот родител по вторпат. Те сакам,“ напиша Трајковски под фотографијата на која неговата сопруга во раце ја држи ќеркичката.

Previous articleДва месеци одмараше на море, сега е пак на море- Миа Костова живот си живее и знае како (ФОТО)
Next articleСпенџарска објави жешка фотка, па се пожали: Доаѓа времето на волнени чорапи, јакни, денот ќе трае 4 часа…