Home Live Нашиот познат пејач се збогува од колегата од кој многу научил- му...

Нашиот познат пејач се збогува од колегата од кој многу научил- му упати емотивна порака за крај

Нокаут е еден од ретките македонски бендови што и денес полни концертни сали. Енергијата што се ослободува од спектаклот што го прави Нокаут на концертите останува како најубав музички спомен за публиката.

Пејачот на овој бенд, во една прилика за Црно бело раскажа многу случки од својот живот, и за бендот.

-25 години сме во рингот во кој за среќа повеќе сме победувале, отколку што сме биле нокаутирани. Рингот околу кој, на наше огромно задоволство, секогаш имало прекрасна публика и многу позитивна енергија.

И сега, кога од оваа перспектива ги прелистувам фолдерите во глава, можам само едно да кажам –пресреќен сум што токму музиката е моја водилка во животот.

Пресреќен сум што го одбрав токму овој пат и тоа токму со сите тие луѓе кои директно или индиректно беа и се вклучени во приказната насловена како НОКАУТ.

А, живот без измешани емоции значи здодевен живот, живот без возбуди, авантури и предизвици. А, верувајте, двете децении низ кои мина бендот се далеку од здодевни.

Се додека си со вистинските луѓе, се додека се разбирате со поглед, делите иста љубов и имате иста инспирација, буквално ќе летате кон и на сцената.

Во моментов сме седум музичари, што значи седум различни карактери, седум различни темпераменти, седум различни инструменти.

Секој од нас си носи свој емоционален товар, доживува ваков или онаков стрес, но сцената е нашата друга димензија. Портал кон друг свет во кој сме други луѓе. Тогаш се исклучуваме комплетно од реалноста и постоиме само за музиката и публиката.

Дишеме како еден организам. Но, нели, секој еден жив организам доживува промени, поминува низ разни фази и стадиуми, сè додека не дојде до онаа фаза во која ќе почне да функционира беспрекорно. Така е и со НОКАУТ.

НОКАУТ секоја прилика ја користи да ја промовира македонската музика и да ја повика јавноста да слуша квалитетна домашна музика. И не планира да отстапи од таа своја идеологија.

Така што, отворени сме за секој оној кој искрено и со цело срце и душа влегува во оваа професија.

Затоа што, верувајте поддршката дури и од најскапиот и најискусен музичар или продуцент на светот нема да има ефект доколку не сте искрени во тоа што го работите.

Знам дека звучи како некое клише, но веќе сме биле сведоци на безброј инстант кариери кои онолку вртоглаво се урнале, колку што вртоглаво се вивнале.

Дај боже да има што е можно повеќе музички таленти во оваа наша земја, нам само ќе ни биде задоволство да помогнеме и отвориме пат кон оној друг свет за кој зборував во прашањето погоре.

Ќе сториме се за да и докажеме на публиката дека навистина постоиме за неа. Да ја натераме да си замине дома со помислата “леле, колку ја сакам македонската музика!”, изјави Пере за Црно бело.

-Кога си со вистинските луѓе, со кои си се нашол на иста бранова должина и со кои ја делиш истата љубов, успехот е неизбежен. Бендот е како жив организам.

Ако не сте поврзани и ако не функционирате како едно и за иста цел, и ако секој не се дава потполно и целосно, тогаш тој ќе се разболи.

Имав среќа да се поврзам со луѓе, кои, пред сè, се исклучително добри музичари, секој со богато музичко портфолио, но луѓе со кои сум пријател, со кои приватно се дружам и со кои знам и така добро да се искарам, но и така добро да си поминам.

Она што е најважно, кога сме на сцена се чувствуваме најсигурно и најповрзано. Кој бил на наш концерт знае за што зборувам. Инспирацијата ми е љубовта, во секоја можна форма. Кон мојата сопруга, кон ќерките, родителите, кон брат ми, пријателите, кон моето куче Брцо.

Кон музиката. Инспирација ми е и чувството дека припаѓам некаде и некому. Ме инспирира и изгрејсонцето. Зајдисонцето. Патувањата. Соништата. Тагата. Дождот. Знае да ме инспирира и разговор, гест, звук…

А, мотивација ми се фановите и желбата да дадеме свој придонес кон промоција на македонската авторска музика“, раскажа Пере во друго интервју, овој пат за betty.mk.

На 81-годишна возраст во Белград се упокои познатиот српски композитор Корнелије Бата Ковач, потврдија за Курир од семејството, а причина за упокојувањето е инфекција со вирусот Ковид 19.

Корнелије Ковач е заслужен за постоењето на филмската, театарската и телевизиската музика, но и за некои од најголемите пејачки хитови во овој регион. Во текот на својата долга и плодна кариера, тој соработуваше со некои од најголемите имиња, меѓу кои и легендарниот Здравко Чолиќ.

Тој во едно интервју за „Недељник“ се присети на почетокот на кариерата на славниот пејач, а ретко кој знае дека Корнеле најпрвин ми дал отказ на Чолиќ, за подоцна да го направи ѕвезда.

– Прво го отпуштив Здравко Чолиќ од групата Корни. Чувствував дека и покрај неговиот одличен глас, тој не е адекватен пејач за типот на музика што ја свири групата Корни“, рекол Ковач.

Инаку, и Пере од Нокаут соработувал со овој славен композитор, а на сликите кои ги објави на Фесј е и неговиот упокоен пријател и колега Ацо Богдановски, познат како Ацо Конга. Пере за соработката со Корнелије напиша:

-Ја имав таа можност и среќа на некој начин да го запознаам,соработувам и научам многу работи за кратко време од еден од најталентираните луѓе што ги познавам.
Корнелије Ковач последен поздрав,нека ти е светол патот и отворно небо. Music forever.

Previous articleДебаpлиева беше cкарана со оваа нејзина колешка, еве како cи ги „закопаа секирите“ пред да си оди од Канал 5
Next articleСите брзаат да стасаат на работа од сабајле, само Ване Маркоски живот си живее – изгрејсонце, кафето на раат си го пие цел саат- еве што е неговата тајна