Home Live Сите брзаат да стасаат на работа од сабајле, само Ване Маркоски живот...

Сите брзаат да стасаат на работа од сабајле, само Ване Маркоски живот си живее – изгрејсонце, кафето на раат си го пие цел саат- еве што е неговата тајна

Скромностa и професионалноста е она што го отсликува. Ретко позитивен човек со неверојатна харизма која што не може да ја задржи за себе ниту за миг. Духовит и незаменлив, едноставно сите го сакаат, а има и зошто!

Ване Маркоски е момчето кое долги години го гледаме на телевизиските екрани. Неодамна, тој реши да сврти нов лист во неговиот живот, и по пет години поминати во Канал 5 ТВ, водителот одлучи дека е време за промена.

Моментално тој е дел од екипата која Ве буди 365 дена во годината – „Македонија наутро“.

Но, Ване сврте нов лист и кога приватниот живот е во прашање. На сосема искрен и за него препорзнатлив начин, само за Моментт.мк тој раскажува за одлуките кои му го промениле животот и за анксиозноста со која со борел долги години.

„До 2017 година мислев дека “се што лета, се јаде”. Работата во медиуми ја гледав многу поинаку од сега. Затоа периодов, досега, од мојот живот, можам да го поделам, пред и по таа 2017. Зошто?

Ќе се вратам на првата реченица. Бев опкружен со многу луѓе околу мене. Верував дека ако човек работи во медиум е кој знае што… и.т.н. Поради приоритет на се што се случува надвор околу мене, ја запоставив душата.

Со години сум ја труел со разни глупости, за да на крај завршам во болница, еден месец, но доволно да го поставам прашањето: Дали јас знам што имам во себе и дали ова е веќе сигнал дека не правам нешто како што треба?“, кажа тој за Момент.мк

Ване на Фејсбук секогаш отворено пишува за своите случувања и мисли, а овој пат рече дека периодов не бил многу добар за него.

Но, тој објави и уште една новост. Со сликата која ја шерна, тој објави дека се сели, и тоа во едно од најелитните скопски места, а тоа е Сопиште и тоа најексклузивниот дел од ова во последните години, популарно место за живеење.

Ване инаку претходно живеел во Џевахир, високите згради во Скопје и од таму ставаше слики и сториња, а сега покажа слика со поглед на базен во неговата нова населба и на Фејсбук објасни:

– Денов и периодов, каша – попара. Но, ако нешто научив во животот, баш тогаш кога имаш најмногу искушенија, прави промени и не застанувај, бидејќи се си има зошто. Време е за нови убави спомени“.

Ване прво објави слика како ужива во изгрејзонцето, од Сопиште, местото каде што тој сега живее, и напиша: За ова се живее. Добро утро пријатели“. Според ова што се гледа, Ване е ранобудник и знае на раат да си го почне утрото.

Потоа, тој објавил стори како пополека си го пие кафето и напишал: Денеска држам рекорд, 1 час и 15 минути пиење кафе. Сигурно не сум сам во “маратонов“, напиша Ване. А еднаш, тој ја има откриено тајната на овој негов зен живот.

-Од секогаш сѐ нешто сум очекувал“, ја искоментира Ване оваа реченица. „Ајде да се случи ова, па ова и да почнам да живеам. Ќе дојде и ќе помине тоа што си го очекувал, а после некое време сфаќаш дека “проблемите” не исчезнале.

Тие се тука, само биле прикриени привремено. Се навраќаш со спомените на некои убави моменти споделени со твои блиски, каде што имало и часови недоразбирања и караници и си викаш: Зошто? Па едноставно е.

Во нашата човечка природа е да не знаеме да сме благодарни на универзумот за тоа што го имаме во моментов, за тие мали нешта по кои некогаш ќе жалиме.

Поминав турбулентен период, но не за џабе велат, сѐ е за арно, ако ти така го сфатиш и прифатиш тоа.

Па затоа сега сум благодарен не на секој нов ден, туку на секоја нова секунда од животот, на секоја нова промена, на сѐ што ми се случува. Додека сѐ нешто очекуваме, животот поминал додека трепнеш.

Па само колку луѓе во светов денес се разбудиле, појадувале, пиеле кафе и тргнале на работа, а по пат им се случило несреќа и нивниот живот завршил?

Ете затоа е важно да сме концентирани на сегашниот миг и благодарни на сѐ што имаме и ни се случува во моментов“, кажал во Женски магазин Ване.

Previous articleНашиот познат пејач се збогува од колегата од кој многу научил- му упати емотивна порака за крај
Next articleСопругата на Тома Здравковиќ ја кажа вистината за него и за Силвана Арменулиќ, откри за нивната љубов за која знаела