Home News НАУМ: Скопје не може да истpпи уште еден мрзелив, лажлив и дволичен...

НАУМ: Скопје не може да истpпи уште еден мрзелив, лажлив и дволичен градоначалник – дај си оставка

Според многумина, Данела Арсовска е најверојатно најлошиот градоначалник кој Скопје го имал во историјата, бидејќи, во изминатава, скоро една година од кога е на таа позиција, не направи ниту една капитална инвестиција.

Напротив, имаше проекти кои ги иритираа граѓаните, како на пример асфалтирањето на делови од градскиот парк, кои потоа беа преправани со ад-хок решенија.

Граѓаните беа речиси зачудени, кога градоначалничката се појави пред Универзална сала и се распараваше со експерти, архитекти и градежни инжењери, во област која не и е позната.

За цело тоа време, таа добиваше максимална поддршка од партијата ВМРО-ДПМНЕ, со чии гласови (гласови од членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ), додадени на нејзиното конто, успеа да стане градоначалник.

Во политичките кулоари, веќе одамна се зборува за нетрпеливост меѓу Арсовска и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, кои таа, по победата на локалните избори во Град Скопје, ги стави на функција во градските претпријатија.

Но добрите познавачи на политичките шприлики, уште на почетокот на нејзиниот мандат, анализираа дека оваа „љубов“ нема да трае долго, поради карактерот на Данела Арсовска, пред сè.

Вчера, Арсовска го смени директорот на скопски „Водовод“, за кого рече дека не ја информирал детално за капиталната инвестиција, во голем дел финансирана од ЕУ фондови, пречистителна станица.

Поранешниот директор Златко0 Перински пак, посочи дека од него било барано да се смени евалуиционата комисија, нешто што во овој дел од постапката тој неможел да го направи:

-Сменет сум на денот кога требаше да се отвораат понудите, рече Перински, сомневајќи се дека некој можеби сака да има влијание на изборот, преку инфилтрирање на свои луѓе.

Интересно е дека речиси под сите статии поврзани со Данела Арсовска на социјалните мрежи, преовладуваат коментари кои ја осудуваат нејзината постапка и ја потсетуваат со чии гласови дојде на позицијата градоначалник.

Ја повикуваат да си даде оставка, па да проба самата, без партиска поддршка да победи. Во слична насока и посвети статус и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски:

„Секој оној кој се огрешил пред законот, родена сестра и брат да ми е, ќе одговара. Времето на неказниви поединци во општеството, заврши“

Ова е изјава на Мицкоски којашто госпожата не ја разбра сериозно и како и секој лицемер и неработник се обидува со лаги да се извлече!

Скопје не може да истрпи уште еден мрзелив, лажлив, дволичен, конфликтен и криминоген градоначалник!
Барем покажи дека лицемерието има крај! Дај си Оставка!“

Previous articleЕмилија Розман во друштво на стар добро познат пријател, сите гледаат во една работа (ФОТО)
Next articleЕве како Петре Шилегов го прокоментира ова што се случува во Град Скопје (ФОТО)