Home Uncategorized Спенџарска објави жешка фотка, па се пожали: Доаѓа времето на волнени чорапи,...

Спенџарска објави жешка фотка, па се пожали: Доаѓа времето на волнени чорапи, јакни, денот ќе трае 4 часа…

Спенџарска е редовна на својот Инста профил со објавување на фотографии од различни патувања, меѓу кои фотографиите се секогаш надополнети со мотивирачки цитати. Таа во една прилика напиша:

„Ми се допаѓа овој едноставен живот: -не се оптеретувам како изгледам, зашто изгледам е**но ПРЕДОБРО, -не ми треба шминка, – живеам покрај море, – имам прекрасни луѓе до мене

– никогаш нема да ја земам музиката здраво за готово, – и зајдисонцата исто така.“

„Колку е чуден животот еј, за два дена (читај, за два дена) тука доживувам такви филмски ситуации, а само неколку дена пред да дојдам бев загрижена за нешто кое не ми испадна онака како што сакав и не бев баш среќна околу тоа.

Но… испадна дека и тогаш кога мислиме дека работите не функционираат во наша корист- напротив, баш тогаш ФУНКЦИОНИРААТ СОВРШЕНО ВО НАША КОРИСТ, само треба малку трпение.

Никогаш не сум била поопуштена и поприсутна во моментот.

Има некоја магија во овој град што страшно многу ми годи,“ напиша Спенџарска кога беше на одмор во Сплит, Хрватска, што во неколку наврати откри дека токму на овој одмор и’ се случиле многу убави работи.

„– Да живееш убаво. Што тоа значи за тебе? За мене, убавиот живот се сведува на моите навики.

Сите мали, навидум не толку важни ритуали кои ги практикувам секојдневно иако понекогш и не сакам да ги правам толку многу, тие ме креираат мене и мојата вредност во ова општество.

Малите компоненти од нашиот живот не прават големи. Да одам на трчање и кога не ми е баш до тоа. Потрагата по зеленчук во фрижидерот кога сакам да направам салата наместо шпагети. Кога бирам книга наместо филм.

Кога одам на кафе да знам во кој ТОЧНО локал сакам да седам, зашто не ми е сеедно. Да знам што точно сакам да облечам зашто не ми стои се. Ваквите наши секојдневни избори му даваат убавина на нашиот живот.

Не е во убавината на твоето лице, или колку мажи те сакаат или колку пари заработуваш. Како се носиш со себе си кога си лута, уморна, фруст-рирана итн.

Тоа е твојата убавина. И тоа е наша супер сила која не прави силни. Се надевам дека сите, вклучувајќи ме и мене, го започнавме летото како супер херои.

Искрено можам да ви кажам дека никој не ме инспирира толку како што јас си се инспирирам самата себе!“; порача Јелена во една прилика на Инстаграм.“

Во една прилика на Инстаграм, ја прашаа дали има дечко, на што водителката имаше вешто смислен одговор…

-Многу прашања на темава, па ќе се обидам на кратко некако да се изјазнам, започна Јелена.

„Многу луѓе гледам дека наоѓањето на партнер го сметаат за животно достигнување. Јас НЕ!

Секако, преубаво е да имаш некој до себе со кого заедно ќе растете и создавате, некој со кого ќе си бидете и љубов и најдобри пријатели.

Но гледам дека денеска тоа се прави по секоја цена, како луѓето да не сакаат да останат сами и наоѓаат нило кој колку само да споделат некој дел од себе со некој.

НЕМА ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ, тоа ми е муабетот. Женети мажи очајни по други жени врие во градот, а и обратно! ‘Верни’ дечковци кои јавно се во врска, а пишуваат и се гледаат со други, исто има колку сакаш…

I’m si ck of it! Да бидам искрена, мислам дека долго време го давав најдоброто од себе на погрешни личности кои мнооогу посакував да бидат вистински, а длабоко во себе знаев дека не се.

И одлучив дека ми треба време да бидам сама, да се запознаат подобро, да станам посвесна за тоа која сум и што точно сакам од мојот следен партнер…

Доста време работев и уште работам на себе, градам многу поинакви ставови за животот, создавам нови уште подобри и постабилни вредности и кога ќе бидам спремна ќе објавам слика овде,“ пишува Јелена.

Спенџарска летово го помина шетајќи низ светот, а сега кога се врати на работа, одлучи да се присети на моменти од летово. Имено, водителката објави фотографија каде што е легната пред базенот во бикини и позира во најжешките пози.

„….Извини ама не можам сега….. треба да паднам во депре сија, па да го преболам фактот дека летото завршува, иде зима, а со неа и денот кој ќе трае цели 4 саати, колапс во сообраќајот, дождови, настинки, волнени чорапи и дебели јакни.“

Previous articleМу се роди девојче: Познатиот фудбалер ѝ посака добредојде на малата Искра (ФОТО)
Next articleМилена: Старецов ме молеше да му бидам девојка, па после плачеше по старата, што му се врти во паметот?