Home News Бране Петрушевски: Другар Апасиев, ако не ни помогнеш, ти си само уште...

Бране Петрушевски: Другар Апасиев, ако не ни помогнеш, ти си само уште еден одработувач на агендата од Бихаќка

Лидерот на Левица и пратеник во Парламентот, Димитар Апасиев, вчера во статус на социјалните мрежи, ја прозва ВМРО-ДПМНЕ, околу уставните судии:

„Не знам дали ДПМНЕ ја сфаќа суштинската опасност од тоа ако дозволи избор на 4 нови уставни судии од страна на ма -фијата (СДС+ДУИ).

Тоа, во превод, значи дека во наредни девет години – што е повеќе од два извршни мандата – било која наредна Влада нема да може да спроведува структурни реформи, оти ќе му паѓаат на Уставен како круша (нешто слично што му правеа на Грујо кога прв пат дојде на власт).

Ако дозволите ова да помине – џабе ви е Влада после наредни избори. Ќе треба после Уставен да го укинуеме, со закон. Ама за тоа, ќе треба кај нас да дојдете, на дополнителни правни консултации.

p.s. БЛОКИРАЈТЕ го изборот на Комисија, додека има време! Ако дојде на пленарна – пиши „пропало“.“

На ова, му одговори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Бране Петрушевски.

-Премногу очигледна е оркестрираната “офанзива” против ВМРО-ДПМНЕ од страна на повеќе структури, диригирани од еден центар од Бихаќка, и тоа токму во моментот кога започнавме иницијатива за распишување на референдум за поништување на Бугарскиот договор.

Откако неколку дена беше во глувчешка дупка и не се изјаснуваше со поддршка за референдумот, еве го денес се појавува со напад на ВМРО-ДПМНЕ и другарот Апасиев, за да “офанзивата” биде покомплетна.

Другар Апасиев, доколку доаѓаше во Собранието, ќе знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили и со долги говори и опструкции во Комисијата за избори и именувања активно го блокира изборот на Уставните судии.

Другар Апасиев, доколку доаѓаше во Собранието ќе можеше да ни помогнеш, па на твојот и на говорот на Крмов ќе можевме да се надоврземе со реплики и контра реплики, како поуспешно би го блокирале овој избор.

Другар Апасиев, борбата за блокирање на изборот на Уставните судии се води во Собранието, а не по социјални мрежи и портали.

Па затоа, ако имаш искрени намери, повели во Собранието и помогни заедно да го блокираме изборот.

Во спротивност, другар Апасиев си само уште еден одработувач на агендата од Бихаќка, каде очигледно стои потписот на удбашот Зечевиќ.

А со или без тебе и Крмов, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја прегази оваа однародена власт. Ваше е дали ќе помогнете или одмогнете!

Previous articleСе огласи Апасиев и cтручно го прокоментира Таљат околу иницијативата за референдум
Next articleКристина Арнаудова предупреди: Знаат да направат големи штети, пазете со кого се дружите и кому давате шанси