Home Live Горан Алачки со молба до медиумите: Не правете циркус со изјавата на...

Горан Алачки со молба до медиумите: Не правете циркус со изјавата на поранешната жена – мојата мајка беше разочарана од неа

Познатиот муцичар Горан Алачки, пред неколку дена на својот профил на социјалните мрежи, објави дека се упокоила неговата мајјка Натка, а неговите роднини и пријатели му упатија зборови со сочувство.

Поранешната сопруга на Горан Алачки, Адријана, на својот профил на социјалните мрежи, се прости од својата некогашна свекрва и објави фотографии од „Вкусот на традицијата“, на кои се гледа дека се дружеле во шоуто.

Но Горан Алачки вчера, ги замоли медиумите да не прават циркус од упокојувањето на неговата махјка, со тоа што објавуваат статуси од негови поранешни членови на семејството.

Исто така Горан објаснио дека неговата мајка била разочарана од дотичната особа, за што пишува подолу во неговиот статус.

Инаку во октомври 2018 година, медиумите пишуваа дека после цели седум години од разводот кој беше прилично медиумски неинтересен, се чини дека меѓу некогашната брачна двојка Алачки се распалија искри на нетрпеливост“, објави Курир тогаш.

Тоа го потврди лично познатиот музичар, испраќајки јавно соопштение до сите медиуми во кое децидно го нагласи следното:

“Презимето АЛАЧКИ не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме.

Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била АЛАЧКИ туку АЛАЧКА во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам!“, напиша горан Алачки тогаш.

Оваа случка беше единствената црна дамка која медиумите ја пишуваа за познатата двојка, која се раздели пријателски.

Горан Алачки вчера, го напиша статусот за кој пишувавме погоре. Ова е неговиот став:

„Почитувани медиуми… Ве молам.. Од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа…

Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој…

Мојата мајка последните години од животот, беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа…“

Инаку маестро Горан, последниве години е во среќна врска со новинарката Марина Дојчиновска. Марина во едно интервју, ја опиша врската со Горан:

„Во истото интервју, таа зборуваше и за својата љубов со Горан Алачки, и тоа за првпат отворено!

– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје.

Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот.

Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.

Тоа е за квалитетно функционирање на една врска. Короната ги одложи сите наши планирани патувања за лани, но затоа јас и Горан се посветивме на нашите градби – јас во Гари, а тој во неговото Владимирово“, изјави Дојчоиновска.

Previous articleЈа запросил со прстен од 50 динари, живееја во една соба, таа ја напушти работата поради него и беа заедно до крајот: Љубовната приказна на легендарниот Чкаља
Next articleОливера Балашевиќ прозвана дека не го сакала Ѓорѓе: Љубовта не беше вистинска, носеше црно само 7 дена