Home Live И Македонија си има своја Барби- ама црна, еве со каков имиџ...

И Македонија си има своја Барби- ама црна, еве со каков имиџ се пофали нашата згодна пејачка (ФОТО)

По завршувањето на напорната сезона и успехот со пласманот во најпознатотот регионално музичко талент шоу, македонската „Гранд“ ѕвезда ова лето дефинитивно суживаше на најсилно.




Андријана Петрушовска уште на годишниот одмор онака по бикини, покажа дека изгледа повеќе од привлечно, доволно провокативно, атрактивно, а на моменти дека е и неодоливо возбудлива“, објави Вистина.

Таа беше меѓу десетте финалистки во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“’.




Иако не победи, таа остави впечаток на публиката, освен со настапите и со атрактивниот изглед. Месец дена по финалето, Андријана настапува низ градовите во Македонија, а има и покана да замине за Србија и тим со кој работи на музичката кариера.

Овој период настапувам по клубовите и дискотеките. Со мојот менаџер веќе работиме и на мојата прва песна, зад која стои Лазар Цветкоски и која ќе излезе во септември“, откри ѕвездата на Гранд за Репортер.




Една година помина во Белград па вели дека е среќна што била дел од шоуто. Ментор ѝ беше Ѓорѓе Давид, со кого и се слушаат и се гледаат.

„Иако некогаш беше строг, тој ми е како татко и навистина сум среќна што имав чест да работам со него“ вели Петрушовска за „Репортер“ и најави дека се наскоро во Охрид ќе има завршен концерт на финалистите на Гранд.




Андријана зборувавала и за членовите на жирито, за дружбата со Цеца која во неа видела потенцијал. Вели: „Српската мајка е кралица, а со ќерка ѝ се запознавме во казино“.




– Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед. Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор. Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла.




Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба. Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сèбеше изработено перфектно!

Стандарди за убавина не постојат, сè е до вкус. Свесна сум за својата атрактивност, а ако е вистински партнер нема да треба да се трудам да го задржам, туку тој ќе ме цени, сака и почитува како жена на правилен и здрав начин и секако ми е важно да ја разбира мојата професија.




Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам“, рекла Андријана во Женски магазин.

Андријана студира соло пеење и свири пијано. Љубовта кон музиката ѝ била од дете, па затоа почнала да пее. Не заради финансии или заради популарноста, но сега веќе е свесна што сè носи овој начин на живот.




За коментарите околу облеката, кои беа негативни, вели: „Имаше негативни коментари, многу, но јас решив да ги занемарам. Важно е дека јас за себе мислам дека изгледав супер и не е важно што велат другите“.

За Репортер зборуваше и за долгата врска и додворувачите, кои постојано ѝ пишуваат пораки.




„Има и непристојни, но и тоа е дел од цената на популарноста“, вели Петрушовска. Малкумина знаат дека на еден настап таа носеше крилја од 14 килограми ама и дека пееше во финалето со инјекции и болки во кичмата.

Андријана на Инстаграм се пофали со слика со нов имиџ. Имено, таа е сликана како Барбика, ама црнокоса, а на белото боди кое ги открива нејзините атрибути, таа има напстис со лого на Барби.




Андријана птооа ги заппрашала нејзините следбеници на Инста: Црна Барби? Па зошто да не, кога е некој убав како нашата фолк пејачка, секој нов имиџ е интересен.

Previous articleСе налути синот на Есма, го спомена Шабан Шаулиќ и праша: Дали сегашната власт ќе се освести, и ќе направи нешто за Есма и Стево?
Next articleСлавниот Ју музичар заминал по лубеница, а се вратил со едрилица- Откриена приказна за еден скап шопинг на Бреговиќ