Home Live Кристина Арнаудова предупреди: Знаат да направат големи штети, пазете со кого се...

Кристина Арнаудова предупреди: Знаат да направат големи штети, пазете со кого се дружите и кому давате шанси

– И официјално заврши годинешниот традиционален проект ,,Среќна Школска Година,, 2022!“, е објавата која Проект среќа, здруженит чиј основач е Кристина Арнаудова, нашата позната пејачка и голем хуманитарец неодамна ја сподели на Фејсбук.

-Вашите донации секојдневно пристигнуваа на сите можни начини, а ние се трудевме да стигнат на вистинското место, онаму каде е најпотребно!

Секоја година има се поголем одзив од семејства на кои им е потребна помош, па иако поделивме скоро 500 комплетни прибори, останаа и некои за кои не можевме да обезбедиме. И вистински ни е жал за тоа.

Некои за жал се пријавија прекасно а за некои едноставно не остана. Сепак и оваа година успеавме да создадеме Среќна Школска Година за стотици деца! Без Вас и Вашата помош и големи срца тоа немашр да биде возможно и затоа од срце ви благодариме на сите кои се вклучивте!

Само заедно сплотени можеме да направиме големи промени! Праќавме во училишта, органиции а најмногу по села и рурални средини каде најретко и најтешко стигнува помош.

Нека им е со среќа на сите дечиња!!!“, е објавата на здружението Проект среќа, а тие со помош на пријатели донирале училишен прибор на деца кои не можат да си го дозволат тоа.

Потоа, здружението на Фејсбук напиша: Драги деца и родители, имаме одлични вести! Бесплатното детско драмско студио за деца со помалку можности ,,Неверленд,, повторно почнува со работа!

Децата во ,,Неверленд,, се дружат, учат драмска игра, читаат, се социјализираат, играат претстави пред многу публика, патуваат….Пријавете ги вашите деца во порака, а за нивната среќа и едукација ќе се погрижи нивната најдобра наставничка Благица Ристов.

Децата треба да се на возраст од 7 до 13 години. Побрзајте со пријавите!

Проектот е делумно поддржан од Општина Центар. Секој кој сака да се вклучи и поддржи овој проект е добредојден! За среќни деца!“.

Инаку Кристина пред извесно време за првпат се сретнала со Борче- Донирај компјутер од Кавадарци и на страната на Проект среќа еобјавено:

Проект Среќа и Донирај Компјутер – Борче Стаменов соработуваат веќе неколку години, а синоќа за прв пат Кристина и Борче се сретнаа.

За да бидеш хуман и работиш хуманитарна работа не е потребно многу сликање средби и зборување. Доволно е да сакаш да работиш, и да сакаш да ги направиш останатите среќни. И секако, да имаш визија и идеја за да создадеш промени во општеството“, стои во објавата, а сликата од доделување на наградите за хуманост- Мајка Тереза.

– Голема чест е што јас и мојата и Ваша Проект Среќа сме добитници на оваа награда.

Ја посветувам на сите деца кои живеат и се борат секојдневно со сиро маштија и со бул инг само заради тоа што се сиромашни, што немаат можност да бидат еднакви со останатите, што се исмевани заради тоа што се различни, што патат заради нешто за кое немаат никаква вина ни влијание врз тоа.

Им порачувам да бидат борци, да не се предаваат и да не дозволат да потклекнат на бул ингот и провокациите. Ние ќе бидеме тука за нив.

Веќе неколку пати аплицирам проект за справување и препознавање на бу линг кај деца во социјален ризик ( кои се најчесто жртви на булингот) но секогаш проектите беа одбиени.

Овој пат нема да се откажам. На оваа држава и треба стратегија како да ги заштити тие деца, на кои најчесто воопшто не мисли. Од срце за децата, Кристина Арнаудова, Претседател, основач и автор на проектите на Проект Среќа“.

Кристина, која минатата година реновираше куќи во ТВ емисијата „Проект куќа сп Кристина“ сега напишала статус во кој опишува тип на луѓе на кои им се даваат шанси, а таа го опиша нивниот карактер.

-Ги знаете оние луѓе, со сите скарани, за никого немаат убав збор, сите за се им се криви. На сите мани им наоѓаат, ама кон себе не погледнуваат? Оние на никого не помагаат, само зло да направат ги бива?!…..

Ги знаетееее, ги знаетееее, сега веќе скроз ги знаете. За жал таквите знаат да направат големи штети. Па пазете со кого се дружите и кому давате шанси.“, стои во објавата на Кристина.

Previous articleБране Петрушевски: Другар Апасиев, ако не ни помогнеш, ти си само уште еден одработувач на агендата од Бихаќка
Next articleОва е сопругата на Лазар Бараков, актерот откри што никако не може да постигне а се труди од 17 годишна возраст (ФОТО)