Home Live Објавена тазе слика од легендарната Шенка Колозова, еве како изгледа сега таа...

Објавена тазе слика од легендарната Шенка Колозова, еве како изгледа сега таа (ФОТО)

Актерката Шенка Колозова, најпозната по култните Македонски народни приказни, во интервју за „Бекстејџ“ говореше за нејзиниот сопруг Ѓорѓи Колозов, кој во 2003-та година почина.




„Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден денес ми е тешко зошто не може да го доживее тоа, зошто поминува, а него го нема. Не сум греота јас. Јас сум тука, живеам, си ги гледам внуците, децата, се радувам, тагувам. Не сум за жалење, него го нема“, искрено вели Колозова.




Шенка Колозова, актерка и сценарист на Македонските народни приказни, сопруга на Ѓорѓи Колозов, со еден збор жена која ретко кој не ја почитува. Неодамна, во едно итервју ја спомена Гоце Тодоровски.

-Во моментов снимаме ете, шуќур што Сител еве смогна сили да снима повторно Македонски народни приказни. Од старата екипа останав уште само јас и Владе, Ванчо за жал ни отиде. Шенка пишува сценарија, од време на време игра.




Сега се вади демек, стара сум многу, не изгледам убаво на камера, ваму-таму, а јас ѝ викам: Па Шенке, баба некој мора да игра. Јас сега играм дедо, како играм дедо, а не личам?“, рече Гоце на телевизија „Сител“.

Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч…Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект, Македонските народни приказни.




Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав. Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек! Но, Шенка и Ѓорѓи се и креатори на нивниот театар „Колозови“.

За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни.




На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери.

Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери. Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина, објави Женски магазин.




Ви благодарам што сте помислиле на мене. Тоа што сè уште мислите на мене е знак дека сета таа работа не била залудна – изјави Шенка за истиот медиум кој неодамна се потсети на оваа интервју со легендарната актерка.

Таа пандемските денови најчесто ги минувала во нејзината викендица, во охридското село Велестово.




Во својот рај во Велеството, Шенка ужива во прилагодената селска куќа, дворот е со цвеќиња. Шенка таму одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, ги храни селските кучиња и мачки, коси трева и сече дрвја.

Инаку, Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје.




Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“.




Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија.

Најзначајни театарски ролји на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај актерството, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.




Нашииот познат диџеј, диџеј Мац е секогаш интересен на Фејсбук, затоа што објваува реални приказни од нашето секојдневие. Мац е инаку по професија лаборант и е на „два фронта“, преку ден е во лабараторија, а ноќе пушта музика по клубови.

Откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија. „Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување (вие што не знаевте). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“, објави тој.

Токму Мац се има сликано со Шенка Колозова, и на сликата се гледа дека таа и денес не се менува, се држи одлично и е речиси иста каква што ја знаеме- позитивниот лик од прикзните со кои пораснавме сите.

– Пораснав со нејзе. Народни приказни … само со неа признавам“, напиша Мац на Фејсбук.

Previous articleВо мини бикини, на базен, видно ослабена Марјана Станојковска раскажа за милиончето (ФОТО)
Next articleЕлена и Каролина во еден период очи не сакаа да си видат, сега се топ другарки- еве зошто