Home Live Се налути синот на Есма, го спомена Шабан Шаулиќ и праша: Дали...

Се налути синот на Есма, го спомена Шабан Шаулиќ и праша: Дали сегашната власт ќе се освести, и ќе направи нешто за Есма и Стево?

Симеон Атанасов, човекот кој до крајот на животот на легендарната Есма Теодосиевска беше нејзин менаџер, и е едно од момчињата кои уметницата ги одгледа, заедно со сопругата, синот и ќерката се пресели во Виена, Австрија. Како што раскажува за „Фокус“, одлуката не била лесна.




-После долго размислување, се одлучив да преземам чекор кој што ќе биде најдобар пред се за моите деца, за нивната иднина.

Впрочем моето размислување почна од пред неколку години, откако увидов дека сегашната власт не се грижи за нас уметниците, за нив ние сме само едни музичари, музиканти, чалгаџии итн…




Грешите господо од власта, ние сме уметнички души кои што создаваа иднина со својата музичка уметност, од која идната генерација ќе учи, и ќе ја чува вистинската македонската музика.




Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо.




Секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност – вели Атанасов за Фокус.

Тој рече дека е рарзочарн од се ова што се случуваше во изминативе 6 години, и вово Виена ќе се занимава со менаџмент во продукција на неговиот син Стево Атанасов која што се вика К1 МЈУЗИК ПРОДАКШН.




Минатата година, Симеон реагираше на Фејсбук, откако го изгледа филмот „Тома“, посветен на легендата Тома Здравковиќ. Синот на Есма и на Стево Теодосиевски и тогаш изреагира луто на својот Фејсбук профил откако им се обрати на надлежните.




-Господо од “власта”. Штотуку го одгледав филмот посветен на легендата Тома Здравковиќ.Секоја чест на целата екипа предводена од маестралниот Бјелогрлиќ. Уште еднаш власта од Србија покажа колку си ги почитува своите уметници.

Ова ме потсетува на времето кога на Есма и Стево Теодосиевски во 1990 година, тогашната власт им велеше:”Останете во Белград,ние ќе ви изградиме музеј каде што ќе посакате.




“Но,Стево Теодосиевски беше голем патриот и сакаше целото свое творештво да го остави на Македонија. Жално и срамно! Господо од “власта” освестете се.

Врвни уметници ви оставија готов објект кој што беше спремен за музеј, и додека вие се мислите,се про падна, се фрли во вода долгогодишна работа на Есма и Стево Теодосиевски.




Што се однесува за филм, секоја чест на сите уметници, но убеден сум дека ни еден нема приказна во која стои дека едно мало ром ско девојче кое чистело скали, за да има пари да оди на кино и куклен театар, почнува да пее прв пат на свој мајчин јазик, го запознава својот ментор, иден сопруг, основање на ансамблот, селење во Белград бидејќи се забранети во ТВ СКОПЈЕ, правење светска кариера, многубројни награди.




А што е најважно единствени кои што изчуваа, школуваа преку 40 деца. Ова е само дел од историјата на Есма и Стево Теодосиевски.

Јас нема да престанам, ќе се борам овие две имиња да не се заборават, не само што се отвори спомен соба во Брисел, истата егзибиција ќе патува низ цела Европа.

Секако ако не може тука,ќе направиме филм некаде каде што многу повеќе ги почитуваат овие двајца великани“ изјави Симеон на Фесјбук.




Тој рече дека со сите сили се бори да го сочува наследството на својата мајка и таткоот Стево, за што е во тек суд ска постапка.

– Би сакал да ве информирам дека имавме рочиште во врска со двата тестаменти кои што ги остави Есма Реџепова. За жал и голем срам се е одложено..

Адвокатите на тужителите Реџепови побараа да се стопира целиот процес бидејќи Министерството за култура и после четири години се уште немаат донесено одлука дека се нафаќаат да бидат наследници на музејот, како и што е наведено во тестаментот..

Од друга страна тужителите немаат докази во кое крвно сродство се со Есма. Морам да кажам дека ова може да се случи само кај нас, во оваа наша мала Македонија.

Ги повикувам уште еднаш надлежните да се преиспитаат, зошто го дозволуваат ова. Мојот апел е: ЗАЕВ ДОЗВОЛИ ИМ НА ЕСМА И СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ ДА ПОЧИ ВААТ ВО МИР.

Нивните души нема да се мирни додека не се исполни нивниот аманет, да се отвори музејот, музичко училиште за деца кои што немаат услови, а имаат талент, нивните урн и да бидат во тој музеј.

Ова се само дел од желбите на Есма и Стево Теодосиевски кои што не можат да се исполнат поради нечии каприци, да земат нешто за што немаат вложено еден грам свој труд“, изјави Симеон на почетокот од оваа година за порталот svet-australia.com

Симеон сподели слика од откривањето на бистата која градот Шабац во Србија ја направи за својот сограѓанин, упокоениот српски фолк-пејач Шабан Шаулиќ и ја сподери оваа ситуација со неговата упкоена мајка, Есма.

-Се поставува прашање, дали сегашната власт ќе се освести, и ќе направи нешто за Есма и Стево Теодосиевски. Секоја чест на на градската самоуправа на Шабац, што не го заборавија маестралниот Шабан Шаулиќ“, стои во објавата.

Previous articleАнета Наковска и Благоја Грујовски какви што не ги знаеме, исплива необична слика која ја нарекоа врв (ФОТО)
Next articleИ Македонија си има своја Барби- ама црна, еве со каков имиџ се пофали нашата згодна пејачка (ФОТО)