Home Live Во мини бикини, на базен, видно ослабена Марјана Станојковска раскажа за милиончето...

Во мини бикини, на базен, видно ослабена Марјана Станојковска раскажа за милиончето (ФОТО)

Марјана Станојковска со години важи за заштитно лице на „Лото“. Меѓутоа, Станојковска беше и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ кој веќе има 15 сезони.




Марјана за „Бесктејџ“ проговори за нејзините почетоци во емисијата, за соработката со нејзиниот пријател, колега, упокоениот пејач Влатко Илиевски, по што се издвојува магазинот од останатите шоубизнис емисии…

-Морам да кажам дека „Бекстејџ“ има огромно значење за мене.




Да не беше „Бекстејџ“ јас немаше да се занимавам со водителство. Се случи во вистински момент. Паметам кога ми се јавија да ми викнаат на разговор за да ми ја предложат целата идеја.

Тогаш се уште немаше дефинирано кој ќе ми биде партнер. Знаев дека ќе треба да ми биде некој кој ќе ми одговара, некој кој што има телевизиско искуство и да е препознатлив лик.




После некое време ми се јавуваат и ми викаат: Марјана ти најдовме супер партнер, мислам дека ќе бидете идеална комбинација за на телевизија. – Викам, добро за кого стануваа збор, ми викаат – Влатко Илиевски.

Реков – одлично сте направиле одличен избор. Знаев дека добро ќе се вклопиме со Влатче. Така и беше“, рекла Марјана.




Беше и остана број 1 естраден магазин. Професионалноста е на највисоко ниво. Информациите се дознаваат од прва рака, се гледа таа посветност и се гледа љубовта кон работата.

Не можеш да ја излажеш публиката затоа што публиката ги следи оние кои што имаат што да презентираат“, рекла за Бекстејџ Маријана.

Инаку, ако бираме зборови со кои би ја опишале Марјана, тоа се секако:




Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.

Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.




Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.

Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.




На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.

Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.




Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.

-Процесот на шминкање е многу едноставен за некои девојки, додека за други претставува права “ноќна мора”.




Но она што е заедничко за сите нас девојки и жени е тоа што сите ние посакуваме што е можно подобро да го совладаме овој процес, (колку-толку )

Станојковска важи за девојка со ангелско лице кое секогаш изгледа прекрасно, па понекогаш таа споделува со фановите на Инстаграм на што се должи тоа.

Познатото наше тв лице објави дека е на третман на своето лице и притоа напиша: – Мезо и кислородна терапија со апаратот.




На една од поновите слики на Инстаграм, Маријана е во базен, облечена во мини бикини (долен дел). Маријана отсекогаш била згодна и фит, но на оваа слика се гледа дека е видно ослабена.

Таа всушност вака се дотерала за да раскаже за милиончето, тоест награда од милион денари, која може да се освои со инстант лоз. Како лото девојка, Маријанче на вистинсми начин ја рекламира фирмата во која работи- секоја чест.

Previous articleВила на сама плажа- еве каде одмараат Кате и Трајче до групата „Соната“, по напорната сезона со настапи
Next articleОбјавена тазе слика од легендарната Шенка Колозова, еве како изгледа сега таа (ФОТО)