Home Live Чие деколте е поубаво- двете водителки од Канал 5, Милена и Александра...

Чие деколте е поубаво- двете водителки од Канал 5, Милена и Александра имаат со што да се пофалат (ФОТО)

-Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството“, рече во една прилика нашата пзоната водителка Александра Пановска Илиевска, која претходно ја водеше емисијата „Брза кујна“ на „Сител“, а сега е дел од Утринската програма на Канал 5 ТВ.




Таа сега ужива во својот најубав животен период. На 23 јануари минатата година, Александра ја роди ќерката Сара и вели дека нејзината ќерка ја научила на она што е нејзината мајка за неа.

– Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство.




Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена. Дали навистина постои вистинско време…

Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.




Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.

Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.




Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.

Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план.




Кај нас бременоста се случи природно кога најмалку очекувавме, во интересно време за нас и за светот.

Играјте ја играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа“, изјави за Рингераја во една прилика Александра. Потоа ја прашаа: Кој поубаво готви, Марк или Никола?




-Различни се навистина многу во секој поглед, но одлични се и двајцата. Во една прилика Никола направи за време на шоуто најубави и највкусни палачинки од тиква, а Марк совршено пилешко микс од слатко и кисело што ми е мене омилено…

верувајте тешко е да се одлучите за еден, двајцата се генијални. Кратко имав прилика во 5-тата сезона да се дружам и со шеф Боби и шеф Филип кои идентично ја сакаат професијата и се феноменални.




Сметам дека секој кој ја работи својата професија со многу посветеност и љубов производот што го создава е магичен, така и чиниите што ги создаваат овие шефови.

Ќе ве посоветувам да ги посетите или да нарачате за достава, од ресторанот Камник и да се насладувате од она што таму го создава Никола…. ќе ви ги разбуди сите сетила.




Маџо, во срцето на градскиот парк каде главен шеф е Филип или Еквилибриум каде главен шеф е Боби… или во ова време најдобро нарачајте за дома и дефинитивно ќе заборавите на сé и ќе уживате во храна на начин на кој не сте ни очекувале да биде подготвена“. рече таа.

Александра се дружи со уште убава млада мајка, а тоа е нејзината колешка од Камал 5, Милена Антовска- Станковска, на чије емсто всушност дојде Александра, откако Милена се повлече од ТВ камерите поради бременоста.




Милена сега има две ќерки, Лана Марија и Јоана која се роди на Василица годинава. И двете згодни водителки ги покажаа своите деколтеа, на настан на кој се дружеле, а нивниот убав изглед остана „запишан“ на сликата која Александра ја објавила на Инста.




Која е од која е поубава- не се знае, важно е дека двете убавици се дружат и се среќни и насмеани.

Previous articleЗаносна убавина во бел краток фустан- Ирена Спировска ја покажа својата најромантична слика досега
Next articleВељко протестираше против оваа љубов, а Анастасија ја поддржа- сестра му за првпат јавно контра брат ѝ