Home News Данела Арсовска: Мицкоски каде си, немој да се криеш – од кога...

Данела Арсовска: Мицкоски каде си, немој да се криеш – од кога ви ги фатив директорите со рачињата во медот, сега не чинам

Денес во советот на Град Скопје, се случи кулминација на заострените односи меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.




По двете прашања од двајца опозициски советници во Градот, од СДСМ и ДУИ, третото кон Арсовска го упати Луке Галески од ВМРО-ДПМНЕ.




Тој започна да зборува за тендерот за пречистителна станица тежок, како што рече, 160 милиони евра, поради кој Арсовска го разреши директорот на „Водовод и канализација“,




Златко Перински и генералниот секретар Ѓоко Велковски – двајцата кадри на ВМРО-ДПМНЕ, за кои таа обвини за самоволие и сомнежи за несовесно постапување во набавката и обиди за влијание.




Галески ја обвини дека вршела влијание бидејќи побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица, која ја барала пред повеќе од еден месец пред да го разреши Перински. Тој ја праша и зошто чекала месец и половина за да го разреши ако се точни нејзините тврдења.




Покрај за актуелните препукување околу проектот за пречистителната станица, ВМРО-ДПМНЕ ја праша и до каде е бесплатниот превоз за скопјани

Данела Арсовска излезе да одговори и рече: До вчера ви бев најдобриот градоначалник, а веќе денес не чинам. Зошто? Затоа што ви ги фатив директорите со рачињата во медот?




Каде е шпицниот градоначалник Мицкоски? Немој да се криеш Мицкоски, „немој да се закануваш“ беа дел од пораките што Арсовска ги упати кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно кон неа упати обвинувања и прозивки советникот Луке Галески на седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје.




Претседавачот на цоветот, Трајко Славевски, во неколку наврати и го исклучи микрофонот на Арсовска, но таа продолжи и со исклучен микрофон.

Нервозно го спушти микрофонот на страна со забелешка дека може да биде доволно гласна и продолжи со прозивките кон Христијан Мицкоски и опозициските советници.




-Ти се тресе рачето кога мафташ со документи, зошто? Мене не ми се тресат рацете и сум смирена, му рече Данела Арсовска.

Мицкоски, немој да се криеш и да упаќаш пораки, туку дојди тука и во лице кажи ми што имаш да ми кажеш, му се обрати Арсовска на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој не беше во салата.




Претседавачот Трајко Славевскли уште еднаш ја опомена Арсовска дека не треба да се обраќа на луѓе кои не се во салата, а Арсовска му одговори дека ќе се обраќа на кого сака и ќе зборува што сака.

По ова, Трајко Славевски даде пауза од 15 минути за да се смират тензиите во советот на Град Скопје.




Видеото од кавгата меѓу Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, можете да го видите ТУКА

Previous articleЕлизабета, сопругата на Пендаровски отворено прозборе за својот однос со Претседателот но и за својата најголема животна болка
Next articleЕлена од „Ѕвездите на Гранд“ ја покажа ќерката, еве што значи нејзиното необично име (ФОТО)