Home News Диневски: За 2 месеци максимум, Никола легално и слободно ќе се врати...

Диневски: За 2 месеци максимум, Никола легално и слободно ќе се врати во Македонија

Александар Диневски е еден од „осуммината“, кои како припадници на безбедносните служби, при крајот на минатиот систем на поранешната држава, влегоа во конфликт со властите.




Тој неодамна гостуваше во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко Ефтов, каде откри како сите без исклучок трговски преставници од фирмите од тогашна СРМ кои биле испраќани во странски држави, биле соработници на службите.

-Фирмите Технометал и Макотекс беа фирми формирани од службата. Сите оние големи милионери, кои службата ги направи тоа што се, а работеа во Чешка, Полска, Русија и многу други држави, беа соработници на службата.




Видете, во тоа време, дури и не се поставуваше прашање дали некој треба да биде соработник, тоа се подразбираше. Секој кој во тој комунистички систем беше испаќан како преставник надвор од државата, мораше да известува за своите активност, вели Диневски.




Инаку Диневски, по напуштањето на слчужбите, по познатите настани со „Осуммината“, влегува во ВМРО-ДПМНЕ и заедно со Иван Соколов е основач на таканареченото КСИО на партијата, своевиден контролен механизам на партијата и организатор на многу активности.




Александар Диневски важеше за човек близок на поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски и по расколот во 1997 година и кавгата меѓу структурите на Доста Димовска и Борис Змејковски, тој е дистанциран од партијата.




-Не изиграа на многу едноставен начин, вели Диневски. Ние имавме поставено точка на дневен ред, на Извршен комитет, за дистанцирање од врховизмот, а тие еден по еден си даваа оставки и таа точка никогаш не дојде на гласање.

Цело време му викав на Борис Змејковски да не дава оставка, но тој не ја сфати играта, и бидејќи прва излезе и си даде оставка Доста Димовска, тоа го направи и Змејковски, а на крајот кога останав сам, дадов оставка и јас.




Тогаш практично остана само Љубчо Георгиевски на чело на партијата, кој во тоа време беше неприкосновен лидер. Георгиевски застана на страната на Доста, а бидејќи на елегантен начин се ослободија од нас, потоа завладеа структурата на Доста Димовска.




Диневски откри дека студентските протести со глад во 1997 година, всушност и не биле штрајк со глад во вистинска смисла, бидејќи учесниците на протестите јаделе.

Тогаш, според Диневски, Антонио Милошоски сакал да премине во Социјалистичката партија на Sинго, правдајќи го својот потег со незавидната економска состојба, но бил разубеден од Диневски и Соколов.




На прашањето на новинарот Васко Ефтов, од кога е Никола Груевски член на ВМРО-ДПМНЕ и дали се точни тезите дека тој се зачленува по 1998 година, Александар Диневски ги отфрли овие наводи.

-Не, Никола Груевски си беше член на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски во партијата е донесен од Доста Димовска и тој во 1996 година беше советник во Општина Центар, од ВМРО-ДПМНЕ, рече Александар Диневски.




Забуната со Груевски и со некои други функционери кои во 1998 година станаа министри е што тие формално влегоа како предлог на Демократската Алтернатива на Васил Тупурковски, што не значи дека биле нејзини членови. Груевски беше член на ВМРО-ДПМНЕ, рече Александар Диневски.

Што се однесува до Груевски, Александар Диневски денес објави статус со кој збуни многумина, став кој на „прва“ изгледа неверојатен!




„За два месеци најмногу Груевски легално и слободно ќе се врати во Македонија“, напиша Диневски, а потоа, во коментари многумина со неверување му објаснуваа дека тој има осудителни казни, поради кои би морал веднаш да оди во Идризово.

Но, прокоментира и адвокатот Драган Пешевски, кој забележа дека ставот на Диневски најверојатно се должи на процесот кој се води во Стразбур, по повод амнестијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, која подоцна беше повлечена.

Но иницијаторите за поведување случај во Страбур за оваа амнестија, сметаа дека еднаш дадена амнестија, неможе да се повлече.

Алексндар Диневски му потврди на адвокатот Драган Пешевски, дека мисли на амнестијата и рече дека ова е негова прогноза, која тој смета дека ќе се оствари!

Previous articleБрена и Боба имале голема криза во бракот, за малку ќе се расипела работата, еве што е причината за тоа
Next articleХристијан, христијански – еве како одговори Мицкоски на зборовите на Арсовска