Home Live Елена од „Ѕвездите на Гранд“ ја покажа ќерката, еве што значи нејзиното...

Елена од „Ѕвездите на Гранд“ ја покажа ќерката, еве што значи нејзиното необично име (ФОТО)

Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого се запознаа и засакаа на ,,Sвездите на Гранд” – Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија, а вчеравечер, 22 февруари 2020 година во Скопје ја направија и својата најавена свадбена веселба.




Во една од салите на реномираниот скопски хотел „Континентал“ се случи македонско-српската свадба на која присуствуваа најблиските, семејствата, другарите, пријателите, колегите на двете „новопочени“ „Гранд ѕвезди“.

Елена на венчавката која претходно се случи во Србија носеше бели панталони, а во родното Скопје, како што вети, ја облече свадбената венчаница, додека Гуте носеше елегантен костум.




И како што е редот и како што обично сите свадбени веселби воглавно започнуваат, по влезот во салата сите од младите очекуваа да го заиграат првиот свадбен танц, со кој најчесто се отвора свадбата.

Но, Елена и Гуте наместо со прв свадбен танц, свадбената веселба ја отворија со љубовен свадбен дует.




Онака како што влегоа во салата, фатени за рака, во другата ги земаа микрофоните и во придружба на скопските „Екстра бенд“ заедно отпеаа две љубовни балади за добредојде на гостите, по што следуваше и љубовен бакнеж, а невестата му падна во прегратки на младоженецот.

Нивната свадбена веселба повеќе личеше на вистинска свадбена журка, отколку на класична свадба со „триста табиети“ и обичаи, иако ниту фрлањето на бидермаерот или невестинската торта на пример, не изостанаа.




Иако длабоко навлезена во својата бременост, невестата заедно со момчето беа највесели, не престанувајќи да играат, да се забавуваат и заедно со музиката да ги анимираат гостите, кои повеќето беа млади, па забавата беше загарантирана.




Се играше и пееше, ред македонски, ред песни од соседството и регионот, а свадбената веселба моментите на кулминација ги достигна во периодот по вечерата, кога нашите „Екстра бенд“ своето место им го отстапија на гостите од Србија, нишката музичка група која Елена и Гуте ги придружува во нивните настапи.

Зетот и невестата постојано танцуваа, но и знаеја да се фатат за микрофонот, како и гостите од Србија – нивни колеги и колешки од музичката бранша и исто така учесници во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, кои се потрудија веселбата да не застане, зашто непрестано се редеа познати музички поп-фолк хитови.




Се’ на се’, Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ направија прекрасна свадбена веселба, вистинска вечер за паметење… И за нив, и за нивните гости, ноќ која нема да ја заборават цел живот“, објави Вистина. Потоа, им се роди синот Максим.

Пејачката која ја видовме и на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“, по втор пат стана мајка.




Елена и нејзиниот сопруг добија ќерка, а гордиот татко ја сподели среќната вест на социјланите мрежи.

Ни се роди дада Мионаа!“ – споделил Гуте возејќи се во автомобилот заедно со малиот Максим, нивото прво дете. Сега, Елена сподели слика од неа со бебето, и напиша:




Моја прекрасна Миона, добредојде! Ти благодарам Боже за толку многу среќа и љубов! Ви благодариме на сите за прекрасните честитки, ви испраќаме многу прегратки!“, напиша Елена.

Инаку, во Србија во последно време е популарно името Миома. Постојат две веродостојни толкувања за потеклото на ова име. Според едната, Миона е женско име од српско потекло од глаголот „милува“, што се зема како лично име, што значи „оној што е гален, галена“.




Според други, можно е ова име да потекнува од глаголот „мие“, па во преведеното значење ова име претставува измиена, чиста, свежа личност.

Previous articleДанела Арсовска: Мицкоски каде си, немој да се криеш – од кога ви ги фатив директорите со рачињата во медот, сега не чинам
Next articleВо патики на свечен настан- само Јована од „Сител“ има ваков уникатен стил (ФОТО)