Home Live Има речиси 50 години, а изгледа како девојче, Маја Гроздановска- Панчева објави...

Има речиси 50 години, а изгледа како девојче, Маја Гроздановска- Панчева објави слика без шминка, природно си е природно

Маја и Дарко Панчеви се заедно веќе долги години и се еден од најскладните парови во јавноста кај нас. Легендарниот фудбалер и пејачката имаат две ќерки, Надица и Марија.




Во едно интервју за kulart.mk, Маја (која инаку работи во Македонската опера у балет, зборувала за нејзината музика, и за тоа дека самата се грижи за кариерата, без менаџер.

-Мислам дека не води никој сметка. Јас немам менаџер, никогаш во животот сум немала, се сама правам и се трудам навреме мојот матерјал да стигне до медиумите. Но, за жал не ги пуштаат.




Се случува на пример еве песната „ Остави ме да горам“ од Калиопи, со спот од Александар Ристовски-Принц, која е направена пред пет години, да ја слушнат на некоја свирка посебно на свирките во Кафе 9-ка кои ги правиме заедно со Ѓорѓи, и да ме прашаат „Маја, нова песна ти е„ ?




Среќа што постојат интернет портали, фејсбук, социјални медиуми, па имаш можност да ја ставаш песната и допира до народот т. е. до слушателите. И дефинитивно, да така е, нема кој да се грижи како што беше случај во одминатите години.




Тогаш се знаеше дека има новинари, емисии, медиуми кои сакаат да знаат кога нешто има ново, кои доаѓаа, те прашуваа, снимаа, ги пласираа песните. Можеби пак, се сменија времињата. Порано музиката беше поедноставна и послушлива за луѓето.

Мислам дека новиве генерации, еве на моите ќерки сакаат на пример по цел ден рап да слушаат, нешто ново ….




Не знам, се прашувам често зошто дојде до оваа состојба? Но, сепак сметам дека нема критериум, нема медиуми, нема емисии, топ листи, активни слушатели и гледачи…

Најголемо разочарување ми е МТВ, никаков однос кон емисиите на музиката. Се на се една емисија, без соодветна реклама, кој слушнал, кој видел“, рекла Маја а потоа ја споменала операта.




-Јас го доживувам како нешто најубаво што ми се случува последниве години. Јас сум таму со музиката, со колегите, Елена, Марјан … јас имам можност да сум на сцена..некако сум своја. Криво ми е што и порано не се одлучив на тој чекор.




Едноставно Операта ми дава можност, музиката да биде дел од моето секојдневие, односно да го правам она што најубаво знам да го правам и најмногу го сакам, а тоа е пеењето. Музиката со Операта и во неа стана дел од мене, нешто што во еден период многу ми недостасуваше.




Најсакана песна и после толку години ми е песната испеана на Охридски трубадури 1998 -ма година „Дај ми да заспијам „. Не добив награда, но публиката ја награди премногу. И досега после точно 20 години таа ми е најомилената песна.

Тоа е таа вродена и негувана семејна близина, семејни вредности. Блиски сме, се сакаме и тие семејни вредности, и Дарко ги има во своето семејство, ги пренесовме во нашето заедничко, па така ќерките ги научивме и ги учиме дека тоа е најважниот дел онаму каде што се почнува и завршува.




Важно е секој од нас да има своја работа, преокупација, хоби, друштво, но сепак домот е местото каде сме едно“, рекла пејачката за своето семејство.

Маја објави нови слики каде што е без шминка, и на нив напишала дека се подготвува за снимање.




Панчева ќе напони 50 години следната година во мај, а со овиеслики докажа дека природната убавина е нешто што отсекогаш ја краси, секако освен талентот за музика и внатрешната убавина.

Previous articleСлавјанка Петровска со нов имиџ- скинати фармерки, во вакво издание не сме ја виделе досега (ФОТО)
Next articleПрија запеја и им покажа на тие што и се смеат дека има убав глас без ,,аутотјун“: „Најдобра си“, дали ја надмина и Брена?