Home Live Прија запеја и им покажа на тие што и се смеат дека...

Прија запеја и им покажа на тие што и се смеат дека има убав глас без ,,аутотјун“: „Најдобра си“, дали ја надмина и Брена?

Брена летово настапуваше во Будва, а имаше прилика на исто место да се погоди со настап и нејзината снаа Александра Пријовиќ. Пејачката ја искористи приликата да го коментира својот нов албум.




– Александра моментално го има најдобриот албум на нашиот пазар. Таа навистина се трудеше, даде се од себе. Луѓето едноставно не можат да сфатат колку е вредна и посветена на кариерата.

Алфа и Омега, човекот кој е креатор на целата нејзина приказна е нејзиниот сопруг Филип, кој навистина е многу сериозен продуцент и се грижи за неа. Тоа е во вистински раце. Двајцата се фантастичен тандем, се надополнуваат еден со друг.




Ние две најчесто разговараме на телефон, каде е, какви проблеми има. Едвај чекаме да се вратиме дома, многу ми недостига, а таа да биде со семејството, малиот Александар, а јас да се одморам и да си играме со него.

Тој е нашата нова радост во животот. И од овие млади луѓе од Живојиновиќ очекуваме да има принови – изјави Брена за Телеграф.




Пејачката Александра Пријовиќ неодамна преживеа вистинска драма, кога нејзината нова песна, уште необјавена протече во јавноста.

Пејачката многу се потресе кога сфати дека е жртва на измама и дека е ограбена и дека нема да може да го претстави својот нов проект пред публиката како што замислила.




Во оваа прилика таа се огласи на својот Инстаграм профил. Александра изјавила дека се случила непредвидена ситуација и дека песната со која сакала да го најави својот нов албум излегла во јавност.

Како што изјавила пејачката, на непознат начин и моментално незаконски кружи по социјалните мрежи и разни платформи за споделување аудио материјал.




Александра тврди дека и покрај сите напори да се запре натамошното ширење на песната, поради размена на акции во овој момент тоа е невозможно.

Таа ги замоли сите да престанат да споделуваат до официјалното објавување на песната.




,,Жал ми е што немавме можност да ја претставиме оваа песна и целиот проект онака како што замисливме. Сепак сакам од срце да им се заблагодарам на сите што испратија прекрасни коментари поврзани со песната, ни значи многу во моментов!

Рокот за официјалното објавување на песната е одложен, а во следните неколку дена ќе ве информирам за новиот датум“, рече таа меѓу другото.

Да потсетиме, Александра и Филип, синот на Лепа Брена важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, а Пријовиќ истакна дека ниту на почетокот од врската, ниту во бракот не се плаши дека колешките ќе и го земат сопругот.




– Такви коментари имаше на почетокот на врската, а ќе ги има и во иднина, ние нашата љубов ја чуваме за себе. Не се плашев ниту се плашам, ние бевме освојувачи на нашата љубов и мислам дека покажавме колку е голема нашата љубов, вели пејачката.

Пејачката со раскошен глас Александра Пријовиќ на почетокот на кариерата, две години беше во врска со колегата Љубо Перучица. Иако и двајцата изјавија дека раскинале во пријателски односи, зад ова раскинување се крие голем скандал.




-Со Љуба бевме заедно две години и сега се договоривме да раскинеме без остри зборови – изјави тогаш Александра за „Ало!“, Сепак, јавноста набрзо зборуваше само за нивното раскинување.

Љуба во интервју за „Ало“ открива дека на почетокот на кариерата и додека бил во врска со Александра бил „лесен маж“.




„Кога ја започнав музичката кариера, дојде и популарноста која не ме менуваше како личност, но околу мене имаше многу девојки. Беше многу тешко да останем верен.

Тогаш, Александра и јас влеговме во врска. И не велам дека не сум бил верен на неа, или на некоја друга. Бев млад, незрел и беше тешко да останам верен. Може да се каже дека бев „лесен маж“, за среќа сега не сум. Заљубен сум и се средив, изјави Љуба.




Имено, Прија на својата најнова објава на Инстаграм објави видео како ja испеа познатата српска песна, „Ти само биди доволно далеку“ со нејзиниот препознатлив нежен глас кој ги растревожи присутните, но и фановите кога го слушнаа нејзиното видео.

Прија беше облечена во црн, елегантен и тесен фустан кој совршено ја отсликуваше фигурата на пејачката.

Коментарите под видеото беа преплавени од позитива, а помеѓу нив можеше да се прочитаат многу позитивни критики како: „Како и секогаш совршено, браво кралице, топ, топ, најдобра си.“

„Браво Алекс, никој не може да те замени“, што значи дека Александра го достигнала својот врв во музичката кариера, што може да значи дека ја надминала и Брена…

Целото видео може да го погледнете на нејзиниот Инстаграм профил, ОВДЕ.

Previous articleИма речиси 50 години, а изгледа како девојче, Маја Гроздановска- Панчева објави слика без шминка, природно си е природно
Next articleБрена и Боба имале голема криза во бракот, за малку ќе се расипела работата, еве што е причината за тоа