Home Live Се споија двете наши најубави мисици, затоа оваа слика вреди дупло погледи...

Се споија двете наши најубави мисици, затоа оваа слика вреди дупло погледи (ФОТО)

Ана Биновска, сега со уште едно презиме- Кочева е убавица која ретко кој ја има заборавено. Ана, за оние кои не се сеќаваат беше Мис на Македонија за 1998 година.




Со манекенството и работата на телевизија активно се занимаваше во периодот од 1998 до 2009 година, но сега сосема други приоритети го исполнуваат нејзиниот живот.

– Во последниве 12 години, се фокусирав и се реализирав на други животни полиња, пред сè како сопруга, мајка на два сина, Калин (13 години) и Илин (3 години).




Во 2016 година докторирав на „Економски факултет“ во Скопје, на тема од областа на менаџментот, а веќе 14 години работам во компанијата А1 Македонија“, открива Ана за себеси.

-Сè уште ме лазат морници кога ќе се присетам. Додека го изведував победничкото дефиле на пистата, во позадина на сцената на која настапувавме, ја видов мајка ми. Успеала да помине низ обезбедувањето и весело, со кренати раце играше и славеше.




Веднаш по крунисувањето, откако мојата убава претходничка Андријана Ацоска, „Мис на Македонија“ за 1997 година, ја стави круната на мојата глава, на сцената нагрнаа останатите учеснички, моите родители и многу други познати и непознати луѓе за да ми честитаат и да се сликаат со мене.




Од толпата народ буквално ме изнесе обезбедувањето ангажирано за таа цел. Изборот засекогаш ќе ми остане во убаво сеќавање, како потсетник дека никогаш не треба да се откажуваме од нашите соништа“ се де од убавите спомени на Ана кои ги сподели за Женски магазин.

Ние имаме уште мисици и убави жени со кои Македонија се гордее, а таа е една од најпознатите и најубави македонски манекенки, која и денеска изгледа подеднакво добро како што тоа беше случај во златните 90 – ти.




Прекрасната Вера Мештеровиќ македонската публика ја памети како Мис на Македонија во 1996 – та година, но и како една од најекспонираните и најбараните манекенки.

Вера во една прилика за Фешнел зборувала за тоа што ја исполнува, за тоа дали некогаш повторно би се вратила на модните писти, за семејството, децата и нејзините омилени парчиња од плакарот.




Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови.

Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар. Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.




Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…




Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.

Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.




Мислам дека и денес важат истите правила… Моделот секогаш да е среден, негуван, точен и професионален во однос на ангажманот и обврските. Ме исполнува мајчинството и семејството.

Покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски. Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството“, рекла Вера во Фешнел.




Таа е мајка на две деца и сега е често присутна на ТВ екраните, како водителка на Канал 5, на Утринската програма, што значи дека на гледачите на оваа телевизија, утрото често им почнува со неа.

Ана Биновска и Вера Мештеровиќ се споиле на гламурозен настан, тоест на журка на Убавина и здравје, каде е објавена слика од овие две наши мисици. Ретка е можноста да се видат две вакви убавици на едно место, и затоа оваа слика е вистинска бomбa!

Previous articleВо патики на свечен настан- само Јована од „Сител“ има ваков уникатен стил (ФОТО)
Next articleСпенџарска во оригинално издание, откриен стомак и рамења, весели бои- еве зошто водителката привлече најмногу внимание (ФОТО)