Home Live Славјанка Петровска со нов имиџ- скинати фармерки, во вакво издание не сме...

Славјанка Петровска со нов имиџ- скинати фармерки, во вакво издание не сме ја виделе досега (ФОТО)

Славјанка Петровска во јануари ја прими функцијата нов минситер за одбрана, а во нејзиниот нов работен простор ја пречека досегашната минисљтерка за одбрана, Радмила Шекеринска.




„Пред мене стои сериозен предивзик, да го сочувам она што досега е постигнато и да бидам политички двигател во процесите што ни претстојат“, рече новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство во март оваа година.




Петровска во оваа пригода беше пречекана, со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке” од страна на британскиот воен оркестар. За цело време од официјалниот пречек, Петровска беше придружувана од британскиот министер за одбрана, Бен Валас.




„Чест ми е што денеска се реализираше мојата прва официјална посета на Обединетото Кралство и средбата со британскиот државен секретар за одбрана Бен Валас.

Од Лондон ја испраќаме пораката дека остро ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата.




Северна Македонија и Обединетото Кралство се сојузници со извонредна соработка во одбраната која денеска со колегата Валас ја потврдивме и ја зајакнуваме,“ рече Петровска.

Министерката во Лондон се сретна и со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, сер Стјуард Пич, а учествуваше и на тркалезна маса посветена на современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз Западниот Балкан, организирана од кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute).




Петровска се сретна и со Алисиа Херберт, специјална пратеничка на министерката за надворешни работи и министерка за жени и еднаквост во британската влада, Лиз Трас, а во британскиот Парламент имаше и работна вечера со Мартин Викерс, член на Парламентот и претседавач на сепартиската парламентарна група за Северна Македонија.

На официјалната церемонија, британската војска на македонски јазик ја поздрави министерката, по што воениот оркестар ја изведе македонската песна „Јовано, Јованке”.




На овој начин, домаќините изразија почит кон Северна Македонија, со што уште еднаш се потврди сојузништвото и соработката на двете земји, членки на НАТО.

Гардистот од Обединетото кралство, се доближи до министерката Славјанка Петровска и на чист македонски јазик и рече:




„Добар ден Ваша Екселенцијо. Седмата чета е подготвена за исполнување на вашата песна „Јовано Јованке“. Дозволете ни да ви се претставиме“.

Додека траеше интонирањето на познатата македонска песна, Петровска, заедно со министерот Валас направи смотра меѓу гардистите. Петровска потоа беше е ме та на шеги на социјалните мрежи.




-Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омра за. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата.




Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сekcиcтичka призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“, објави нејзината претходничка Радмила Шекеринска на Фејсбук.

За ови случувања и коментари таа даде свој коментар за ММС.




Од каде и да доаѓа, и која и да е причината, бидете сигурни дека нема да ме поколеба да ја извршувам оваа позиција. Сето тоа е дел од хибридните напади.

Јас жалам што гледам обиди да се поткопа сопсвтената држава…“, рече Петровска за ММС.

Ѓорѓи Галетановски, поранешниот директор на Зкопје ЗОО, кој е инаку член на СДСМ, на Фејсбук објавил слики од хуманитарна забава која оваа партија ја организирала во ресторан во Скопје.

На сликите е и премиерот Димитар Ковалевски, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, но и Славјавјанка Петровска.

Таа за оваа пригода избрала интересен и постпортски аутфит, а она што привлекува внимание се скинатите фармерки, со оглед на тоа дека сме навикнати да ја гледаме со поинаков стил, на официјални настани.

Previous articleНикола: Сведочам дека манастирот свети Саринац му помогна на едно семејство да ја спасат „отидената“ ќерка
Next articleИма речиси 50 години, а изгледа како девојче, Маја Гроздановска- Панчева објави слика без шминка, природно си е природно