Home Live Спенџарска во оригинално издание, откриен стомак и рамења, весели бои- еве зошто...

Спенџарска во оригинално издание, откриен стомак и рамења, весели бои- еве зошто водителката привлече најмногу внимание (ФОТО)

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.




Станува збор за Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Еден од статусите на Јелена на кој жените позитивно реагираа вели: „Да не се лажеме, не се плашат мажите од силните жени. Се плашат од фактот што тие можат СЕ и без нив“.




„Некои недели се за НЕправење ништо! Истегање во кревет. Попладневна дремка.. Дукс и долен дел пижами…

Гледање цела сезона од омилената серија, без прекин, само да идеш до тоалет или до кујна по чипс или сладолед…

Некои недели се за боси нозе, книги и кафе. За шетање. Долго, во природа. И тишина, додека сонцето ти се одмара на телото.




Некои недели се за соништа, сонување, солзи, насмевки и долго туширање. За правење колачи додека ја бараш станицата на радио со омилените песни. Некои недели се за дишење!!! ДИШИ!“. порача Спенџарска и додаде во друг статус:




„Во мене понекогаш живеат две личности: Една која сака да оди по планини, пустини, на сафари, да јаде полжави и да скока со падобран и друга која сака да гледа серии и да се ‘дави’ со помфрит во замрачена соба!

Денес среќа па сум првата“, напиша Јелена под среќната слика.




За емотивниот живот на водителката, и за тоа кој е автор на сите овие фотографии не е познато. Дали Јелена во моментов има дечко, и дали ѝ треба таа кажа во еден друг статус:

„Таа е едноставна! Не ти треба многу ! Шолја кафе, книга, сончев или уште подобро, дождлив ден, простор да дише и некој кој ќе го сака!“

-Мислам дека татко ми од секогаш знаеше дека ќе бидам новинар….




Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -‘Не, таа “професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш.

„Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема. Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна.Ништо од мојот сон да станам принцеза, изјави Спенџарска во едно претходно интервју.




„И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија“, кажа таа во едно интервју.

Водителката Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.




„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска.




На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде. Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“ вели Јелена и откри дали е заљубена.

„Моментално не сум, имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде. Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ кажа Спенџарка.




Јелена Спенџарска каде и да оди привлекува најмногу внимание, па така било и на забава организирана од „Убавина и здравје“, а интересна слика од неа се појави на нивниот Фејсбук профил.

Јелена е облечена во розови панталони и портокалов горен дел, со открини рамења и стомак. Таа од својот интересен аутфит поради кои сигурно дека привлекла доста внимание, шернала слика и на Инста стори.

Previous articleСе споија двете наши најубави мисици, затоа оваа слика вреди дупло погледи (ФОТО)
Next articleНеделко: Три месеци никој не ми влегол дома, желен сум некој да ми стапне на прагот