Home News Стефан Андоновски: Данела Арсовска треба да размисли за оставка

Стефан Андоновски: Данела Арсовска треба да размисли за оставка

Синоќа разрешениот директор на скопски „Водовод“, Златко Перински, се огласи на својот профил на социјалните мрежи, со како што рече демант од Европската инвестициона банка, на сомневањата за злоупотреби кои за него ги искажа градоначалничката Данела Арсовска.

-Епа градоначалничке ќе имате доста за објаснување. ЕИБ ја демантира Арсовска и потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е во согласност со правилата и процедурите. ЕИБ заклучува:

-Од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.

-Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.

-До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин.

-Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата.

Претходно вчера, советникот во Град Скопје и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, во гостување на ТВ 24, откри повеќе детали кои јавноста не ги знаеше.

-Реализацијата на проекти се гледа по 3-4 месеци од почетокот на мандатот, тоа е затоа што треба да се запознае со ситуацијата и да почне да работи, секако на секого му оставате на почеток да покаже да се размавне и ние на пример ако го видите буџетот за 2022 година таму едно 15тина или 20 се проекти кои ги има програмата.

Ова го кажа меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член на Советот во Град Скопје, Стефан Андоновски во синоќешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, но ништо од тоа не е почнато вели тој.

„После одредено време кога ќе видите дека таа програма нема реализација, проектите стојат, реализацијата на тие проекти е многу мала или незначителна, ситуациите се блокирани, состојбите се блокирани“, рече Андоновски.

Тој посочи дека не останува ништо друго освен да се бара алтернатива.

Во последните 2 месеца барале алтернатива во Совет, во смисла како да се реализираат проектите кои се ветени пред граѓаните.

Стефан Андоновски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ преку Советот ќе се труди сите проекти кои се добри за Скопје да се истуркаат и реализираат.

Според Андоновски градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сериозно треба да размисли за понесување на одговорност.

„Како градоначалник таа од дрвата не ја гледа шумата и постојано се занимава со ситници, а не се занимава со реализирање проекти и треба да размисли на понесување на одговорност и оставка“, рече Стефан Андоновски.

Вчера, низа критики на работењето на Арсовска, упати и претедателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски.

Previous articleМери Николова: Кој го има министерот за здравство во пријатели, да го означи – луѓе молат за помош
Next articleСе налути познатиот скопски менаџер: Дојдете да живеете во Аеродром и нервно ќе се разболите!