Home Live Вељко протестираше против оваа љубов, а Анастасија ја поддржа- сестра му за...

Вељко протестираше против оваа љубов, а Анастасија ја поддржа- сестра му за првпат јавно контра брат ѝ

Младата пејачка Анстасија Ражњатовиќ се осврна на случувањата околу Европската парада на гордоста и го искажа својот став на оваа тема. Инаку, Анастасија е многу блиска со нејзината мајка која сама ги воспитуваше неа и брат ѝ Вељко.




Младата музичка ѕвезда објасни зошто е горда на својата мајка и откри од што се откажала Цеца заради своите деца со цел да ги поведе на вистинскиот пат.

– Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца. Самохран родител треба да носи сè сам на грб.




Мајка ми е цел живот јавно изложена на многу работи. Сето тоа ја отежнуваше ситуацијата, бидејќи беше со голем притисок во јавноста, но Цеца мораше да биде и добра мајка.

Јас сум многу гордa на неа, секогаш и засекогаш – рече Ражнатовиќ и испрати силна порака до сите самохрани мајки: Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот.




Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријатели на своите деца, и сè ќе биде како што треба.

Децата ќе знаат како да го ценат тоа“, откри Анастасија. За потсетување, нејзиниот татко, Жељко Ражњатовиќ си замина од овој свет на 15 јануари во 2000 година.




Ражнатовиќ од ден на ден покажува колку ужива во чувањето на внукот од нејзиниот брат Вељко, малиот Жељко.

Анастасија Ражнатовиќ во емисијата „Сценарио“ на курир.рс проговори за детали од приватниот живот кои не се толку познати на јавноста:

„Имав доста следбеници и пред да започнам да се занимавам со музика, кога се снимав со пријателите. Малку се занимавав и со манекенство“, вели Анастасија.




„Не сакам да зборувам за љубовта. Многу сум емотивна, нема филм на кој не плачев. Секогаш кога ќе видам трагична сцена очите ми се полни со солзи“, раскажува Ражнатовиќ.

Анастасија Ражнатовиќ откри што бара од нејзините соработници, па зборуваше за одлуката да паузира во објавувањето песни.




–Луѓето често ме прашуваат зошто не објавувам нови песни, едноставно не брзам со тие работи. Секоја песна што ќе ја објавам мора да биде нешто што ќе ми се допадне максимално, сто проценти – рече таа.

Младата пејачка, ќерка на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, отворено зборува за тоа дека околу неа има многу луѓе со различна ориентација.




„Па, знаете, имам многу пријатели и соработници кои се разлилни. Целосно го поддржувам оа“, изјави Анастасија за „Блиц“. За разлика од нејзиниот брат Вељко, кој беше на митингот против Парадата на гордоста, таа смета дека е апсурдно некој да може да „ја мрази љубовта“.

„Љубовта е љубов, не треба да се дели“. Мислам дека е апсурдно што некој може да го мрази.




Тоа е љубов, а љубовта е најубавото нешто на светот, нели? Тоа не зближува сите“, додаде пејачката.

Да потсетиме, пејачката неодамна откри која била пресвртницата во нејзината кариера.

„Би рекла дека тоа беше моментот кога ја објавив втората песна „Рани“. Тогаш си реков: „Ова е дефинитивно мојот пат и работата што треба да ја работам“.




Се беше според моите чувства “, изјави пејачката во емисијата „Лето во Србија“.

Previous articleЧие деколте е поубаво- двете водителки од Канал 5, Милена и Александра имаат со што да се пофалат (ФОТО)
Next articleЕлизабета, сопругата на Пендаровски отворено прозборе за својот однос со Претседателот но и за својата најголема животна болка