Home Live Во патики на свечен настан- само Јована од „Сител“ има ваков уникатен...

Во патики на свечен настан- само Јована од „Сител“ има ваков уникатен стил (ФОТО)

-Која е Вашата претстава за совршена среќа?, ја прашале во една прилика познатата водителка Јована Стојменовиќ во vipheart.mk. Таа на ова прашање го дала следниов одговор: Совршено си среќен секој ден кога немаш голема грижа!




За што најмногу сте се покајале во животот?, било следното прашање за кое рекла: Се каам кога некому ќе дадам втора шанса иако знам дека ќе ја прокоцка, а кога нешто знаеш, обично така бива.

Јивана во ова интервју ја споменала и љубовта и изјавила: Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…“, но тоа е се што кажала на оваа тема.




Јована Стојменовиќ е долги години дел од редакцијата на „Сител“ , и е заштитно лице на оваа ТВ куќа. Јована им се насмевнува на гледачите наутро, во утринската програма „Ја сакам Македонија“.

– Во овие 12 години работа на утринската програма, за среќа, многу ретко ми задоцниле или воопшто не се појавиле гостите во договорениот термин. Во таквите ситуации, како и за се друго во животот, ве спасува планот Б.




Искуството си го прави своето за да имате план Б и да бидете подготвени и брзо да реагирате“, изјави Јована за vipheart.mk. Имаш ли лапсус кој се случил во програма, на кој денес му се смееш?“, ја прашале во Женски магазин, а таа рекла:

-Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле. Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.




Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.

Една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.




Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“.

-Се занимавав околу 5-6 години со манекенство пред да почнам да работам на телевизија.

Работев најмногу модни ревии во рамките на модните недели што се организираа тогаш благодарение на модното студио „Црнокрак“ и модната сцена која како да беше поактивна или барем повпечатлива некако, според мене.




Имам прекрасни емоции кога ќе се присетам на тие настани и на чувството кога ќе излезеш на писта, за да го презентираш моделот на дизајнерот, тоа е навистина посебно.

Работев и фото-сесии, видео спотови итн., но не учествував на избори за убавина. Мислев дека не ми е потребен тој натпревар, бидејќи изборот за убавина во суштина е натпревар кој е поинтересен за набљудувачите отколку за учесниците, па затоа останав набљудувач“, изјавила Јована во истиот медиум.




Во последно време нешто не гледам дека ги има, па не можам ниту да гледам на нив. Барем кај нас…

Но, избори за убавина постоеле отсекогаш и веројатно ќе постојат и понатаму, но ако јас се прашувам, би ги преименувала во „дефиле на убавината“, наместо избор на најубава, затоа што најубава не постои – мислам дека „убавината е во окото на набљудувачот“.




На Фејсбук страницата на порталот Убавина и здравје се објавени слики од журка која ја имале, и според она што може да се види било многу јако, со доста гости, коктели,музика…

А инаку, уредник на ова списание е Јована Стојменовиќ, или Јована од Сител, од Утринската програма. Таа на сликата е во црни пантолони и наметка, но она што може да се забележи е дека не носи ни штикли, ни сандали, туку патики.




Јована секогаш има уникатен стил, а со оваа слика докажа дека живее како што вели песната на Ацо Пејаовиќ- опуштено, опуштено… Браво за Јована!

Previous articleЕлена од „Ѕвездите на Гранд“ ја покажа ќерката, еве што значи нејзиното необично име (ФОТО)
Next articleСе споија двете наши најубави мисици, затоа оваа слика вреди дупло погледи (ФОТО)