Home Live Заносна убавина во бел краток фустан- Ирена Спировска ја покажа својата најромантична...

Заносна убавина во бел краток фустан- Ирена Спировска ја покажа својата најромантична слика досега

Познатата водителка Ирена Спировска скоро 30 години ја гледаме на телевизиските екрани. Почетоците на нејзината телевизиска кариера беа во Македонската радиотелевизија.




Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје. Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

Денес, Ирена Спировска е синоним за успешна и богата телевизиска кариера.




Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани. Таа е и активен член на НВО „Борка“.

Ја помниме и како бинго-девојка, а сега ја води емисијата „Везилка“ на Алфа со Благоја Грујовски и Адријана Алачки“, напиша Еспресо.мк во една прилика, а Ирена во овој медиум била гостинка во рубриката Асоцијации.




Така Ирена кажала дека буквата А ја потсетува на Алпите, затоа што е вљубена во планините.Ф – Фустан, отсекогаш многу сум сакала долги фустани, во долг фустан жената изгледа најженствено.

Х – Хуманост, без оваа карактеристика не заслужуваме да се нарекуваме луѓе! З – Зорица, името на мојата мајка и на мојата ќерка.“, кажала Ирена за овие букви и на што ја асоцираат.




Ирена даде интервју за Женски магазин, чиј автор е Ана Бунтеска и таму сосема отворено зборуваше за загубата на својата мајка кога била мала, како и за својата ќерка Зорица која е крстена по мајка си, но кажа и детали за Душко, нејзиниот сакан.

– Кога сум лута не може никој лесно да ми го смени расположението и тогаш сакам да сум на дистанца. Колку време ме држи лутината зависи од причината и од тоа кој ме налутил,но за среќа не ме држи премногу долго таквото расположение.




Брзо простувам,но не заборавам. Емотивна личност сум и секогаш памтам ако некој ми ги повреди чувствата“, рече Ирена во интервју, а потоа и беше поставено следеното прашање:

– Ќерка ти Зорица го носи името на твојата одамна почи ната мајка. колку се сеќаваш на неа, со оглед дека си имала само 10 години кога ја изгубила битката со ра кот на дој ка и дали успеваш да ја видиш некогаш во Зорица или да ја препознаеш во себе и своите постапки или карактер?




– Мојата мајка поч ина многу млада, кога имаше само 35 години па за жал големиот дел од спомените се тажни и поврзани со периодот кога таа и нашето семејство се соочуваше со тешката болест.

Не можам да кажам точно во колкава мера сум ги наследила нејзините карактерни особини затоа што не сум имала можност добро да ги осознаам и запаметам на таа возраст, но затоа можам да кажам дека изгледот го имам наследено од неа во целост“.




-Кога ве видов првпат заедно со Душко, првото што ми падна на памет беше една стара народна поговорка која ќе ја парафразирам, “секое грнче со свое капаче”“, рече авторката на интервјуто и праша:

-Што те привлече кај него што опстојува и ден-денес, со оглед на тоа што сте веќе долго време заедно?, а на ова Ирена во интревјуто одговори: „Се препознав себе си во него“.




Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

„Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.




Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска.

Ирена се сликала на тераса крај Охридското ееро, во бел краток фустан. Не се знае што е поубаво на оваа слика, дали таа или романтичната глетка зад неа. Како и да е, водителката изгледа заносно, а коментарите на Инстаграм тоа само го потврдуваат.

-Ветер во мојата коса, не ми е грижа“, напишала Ирена до оваа слика, а нејзината разлетана коса уште повеќе го зголемува ефектот и доживувањето на фотографијата и моментот.

Previous articleД-р Ненад Лазаров даде одличен пример за стресот, овој статус сите ќе не замисли
Next articleЧие деколте е поубаво- двете водителки од Канал 5, Милена и Александра имаат со што да се пофалат (ФОТО)