Home Live Благоја Грујовски слави јубилееен роденден, никој не би му дал олку години,...

Благоја Грујовски слави јубилееен роденден, никој не би му дал олку години, објави тазе слика со оваа наша легенда (ФОТО)

Баже Грујовски, поточно Благоја Грујовски, е син на легендата Мате Грујовски, македонски музичар, водач на оркестар, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни.




Мате Грујовски е роден на 18 март 1932 година во Лазарополе, а со народната уметност се задоил уште од најраната младост. По дипломирањето на Уметничката академија во Белград, во 1964 година се вработил во Музичката продукција на тогашното Радио Скопје.

Најпрвин работел како како музички соработник, за подоцна да биде именуван за уредник и музички продуцент за народна музика, позиција на која беше сè до пензионирањето во 1996 година.




Грујовски бил еден од најзначајните двигатели на концертната и фестивалската дејност во Македонија со чиј удел биле поставени темелите на многу културно-уметнички манифестации во Македонија.

Си замкинал ненадејно од овој свет на 14 март во 2013 година. Негови синови се познатиот пејач на македонска народна музика Благоја Грујовски и музичарот Ташко Грујовски кои гордо го оправдаа името на својот татко.




Еден од нашите најпопуларни фолк-пејачи и кај нас и во дијапората, весел лик чија музика е добредојдена на сите забави, Баже Грујовски во едно претходно интервју за ИН ТВ зборуваше за нештата кои му се важни.

-Како и на сите мои колеги тоа е она што ни фали најмногу. Со месеци сме без ангажмани, не по наша вина и едноставно едвај чекаме да заврши оваа криза да се вратиме во нормален музички живот, она што е нашиот живот, ние живееме за музика и живееме од музика.-истакна Грујовски во интервјуто за време на пандемијата.




Благоја во интервју за „Ехо“ зборуваше во какво Скопје би сакал да живее.

-Недостасуваат многу нешта и би исфрлил уште толку, но кусо: Мене најмногу ми недостасува простор, чист воздух и универзална сала. А, би демонтирал некои интервенции во и околу Вардар вклучително и панорамското тркало од 18. милиони евра, ако го направат.




Сакам да живеам во чисто Скопје без екстремни загадувачи, со брзи проодни улици без сообраќаен хаос. Знам дека е можеби многу, но треба да се стремиме кон таа цел“, рече пејачот.

Но, богатсвото на Благоја, вистинското богатство е дома. Во 2009 година, тој се ожени со Ирена, која е 20 години помлада од него. Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Заедно го имаат синот Марко.




Благоја беше во брак 10 години со презентерката Татјана Стојановска и со неа го синот Матеј кој е веќе возрасен.

Грујовски знае понекогаш да објави фотогрфаии од сопругата и од помалиот син, а со една таква се пофали минатата година, од Маврово, како со Ирена и со Марко уживаат на снегот и во чистиот воздух.




На најтазе сликата која Благоја ја објавил на Фејсбук, тој е со нашата легенда Наум Петрески. Благоја ја објаснил и причината за оваа нивна дружба пишувајќи: Незаборавен концерт во чест на Александар Сариевски, а на овој концерт и двајцата пееле.

Биле интерпретирани најголемите македонски фолклорни бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“.




Потоа, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.

Организаторот на концертот – Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје, најаввил и тоа го остварил дека ќе настапат македонските пејачи Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и оркестарот на „Танец“.




Инаку, Баже денес слави роденден, а колку години полни, откри колешката Ирена Спировска, со која како што е познато Баже да води емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа, со неа и со Адријана Алачки.

-Среќна 60-ка Благоја Грујовски! Жив, здрав, насмеан, распеан да си до 100-ка !!!“, објави Ирена.




Многу честитки доби тој на профилот на Ирена, и речиси никој не може да поверува дека Баже има 60 години, а изгледа многу помлад.

Previous articleУште една лична приказна на Турунџиева: Храбрите бараат помош, а слабите трпат
Next articleЗгодната пејачка Елена се пофали со нов бизнис, а еве колку јако изгледаше на отварање на овој објект (ФОТО)