Home Live Драган Спасов Дац кажа што ќе беше ако Македонија имаше море

Драган Спасов Дац кажа што ќе беше ако Македонија имаше море

Дуото составено од актерот Драган Спасов Дац и музичарот Александар Митевски е актуелно во последвиве три и кусур години и веќе има своја армија обожаватели.




-Ние и двајцата сме луѓе со кариери и со багаж зад себе и кај нас ништо не е случајно и преку ноќ направено“, открија тие во една прилика.

Дуети помеѓу пејач и актер имало повеќе и во регионот и низ светот, но најголема улога во нашата спојка одигра нашето другарство, наоѓањето „на иста бранова должина“ и истиот уметнички пристап кон љубовта и музиката“, изјавија во Локанлно.мк Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.




Народот од прва ја препозна и ја засака оваа наша ретро, ала кабаретска прикаска во која има љубов, поезија, музика, глума, хумор и позитива – како нешто ново и несекојдневно на нашата естрада.

„Љубовниот пасош“ е една наша идеја која се роди во карантинот кога сите граници беа затворени и сите беа заклучани во своите држави.

Решивме музички да патуваме низ регионот и да ги отпееме познатите љубовни песни на сите тие јазици, со што пративме позитивна енергија, љубов и сочувство во пандемијата, како и добрососедство.




Пеевме на влашки, српско-хрватски, италијански, француски, грчки, турски… Така дојдовме до една посериозна соработка со бугарскиот гудачки квартет со кои случајно се запознавме и се договоривме дека треба да ја снимиме таа песна заедно – тие да свират, ние да пееме. Додека политичарите кажуваа НЕ, ние сите заедно кажавме – ДА, за љубовта“




Познато е дека Дац е голем романтичар и на Фејсбук често знае да напише статус посветен на сопругата Весна. Дац објави статус кој е поврзан со неговата сакана сопруга. Тоа е всушност песна која тој се обидел да ѝ ја напише, а вели вака:

Сакав вечерва, да ти ја напишам, Најубавата песна, Што ја умеам. Не ми оди.




Ми фалат зборови, се изгубија по патот на твојата љубов.

Некои се изгубија на усните. Некои на вратот, на градите останаа некои, на стомакот, на изворот, на нозете.

Па си велам, ако не ми оди со пишувањето, ми оди со бакнувањето“, кажа Дац кој пред неколку емсеци на својот роденден се ожени со неговата сакана Весна, а венчавката тајно му ја организираа Митевски и пријателите, на свирка.




– Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови. Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш. Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор.




Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата. На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата. Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе.

Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот. Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот.




Она што забележувам во последно време е дека одат многу поретко во театар. Јас кога бев млад колку вас, јас одев, но и воопшто се одеше многу во театар. Таа генерација одеше и беше преполно.

Сега оваа генерација што треба да оди е повеќе на интернет и излегува подоцна, а во мое време по претставата немаше ни каде да се оди, зашто по десет часот ништо не работеше.




Сега па е обратно – сѐ почнува да работи по десет часот. Немам претстава зошто не доаѓаат во театар. Дури и некои луѓе кои порано оделе во театар, сега ми кажуваат дека не се ни сеќаваат кога за последен пат биле“ кажа тој во интервју за medium.edu.mk

Дац во новата објава на својот Фејсбук профил раскажа приказна за Македонија и за нашиот народ, и на свој оригинален и интересен напиша: Ние ако имавме море ќе го одсолевме!“.

Previous articleГодините ништо не и можат – Маријана од домашен амбиент во Австралија им покажа на помладите како се пее во живо (ВИДЕО)
Next articleСашка се откажала од кола за да вози „буба“ комбе: Не ми треба серво волан, имам бицепс