Home Live Годините ништо не и можат – Маријана од домашен амбиент во Австралија...

Годините ништо не и можат – Маријана од домашен амбиент во Австралија им покажа на помладите како се пее во живо (ВИДЕО)

Пејачката Маријана Новачевска, како што е познато е сестра на Росана Сариќ- Тодоровска, има две деца и е баба на една внука. Човекот со кој беше долги години во брак, а потоа останаа во добри пријателски односи, Тоде Новачевски, се упокои во февруари годинава, по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.




За порталот ММС.мк, Маријана прозборе за тоа дека по неговиот последен здив, таа била покрај Тоде во болница и му помагала во основните потреби кои не можел да ги изврши поради неговата слабост.

Маријана в ММС раскажала дека таа решила да му прости на Тоде за се, затоа што иако долго години не биле заедно, тие имале брак, имале љубов,деца и внука.




-Солзи, неговите молби за простување и дела многу му е жал, се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. За овие 20 години колку што не сме во брак, се измачи и тој сам во животот многу.

Маријана минатата година беше многу среќна, а исто така и Тоде, кога објавија дека нејзината ќерка ќе се мажи. На својот Фејсбук профил убавата Магдалена ја обваи оваа убава вест.




Маријана на Фејсбук покажа дел од своот дом во Мелбурн, каде што е гледа со колку љубов и внимание нашата пејачка во своето катче. На една од сликите, се гледа нејзината голема креативност.

За сестрата близначка, Росана Сариќ- Тодоровска има изјавено дека вели дека тие две се една душа во две тела. За нивните големи хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ народот одлучи да станат евергрини.




Со својот вокал, харизматична појава, песните и скромноста, Росана Сариќ- Тодоровска важи за една од омилените фолк и поп пејачки кај публиката за сите времиња.

-Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи но така е. Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед.




Инаку јас сум постара 15 минути. Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење, хахаха.

Но, во душата и за ред други размислувања сме исти.




Таа отсекогаш била вицкастата, а јас сериозната. Јас животот би го дала за неа без размислување, но длабоко знам дека и таа истото би го направила за мене. Никогаш не сме се карале ниту пак сме имале потреба од тоа.

Клучот на успехот на Маријана и Росана е нашиот талент за добро пеење, интересноста како близначки, и прекрасните песни- евергрини напишани од рацете на еден од најдобрите, ако не и најдобар композитор Тоде Новачевски.




Спомени од детството со Маријана имаме безброј, но овој некако е најинтересен. Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана“, раскажа Росана во една прилика во Женски магазин, за својата сестра Маријана.




Маријана, иако одамна професионално се откажа од музиката и работи како сестра на Стоматологија, за своја душа знае да запее во кругот на семејството.




И токму таа, на Фејсбук објави многу емотивно видео, во кое покажува дека таа повторно и се вратила на музиката. Маријана седна на клавијатурите, и ја испеа песната „Галеб тажен“, многу познат и сакан евергрин од Верица Ристевска.

Но, Маријана упати и една порака до оваа песна: Не знам што ми текна.




За сите мои Галеби тажни што одлетаа таму некаде далеку. Нема фризура, нема шминка, нема сјајна гардероба.. Ете така“, напиша Маријана.

Previous articleВасил Зафирчев откри детали за серијата „Преспав“- добри вести за обожавателите на Марио
Next articleДраган Спасов Дац кажа што ќе беше ако Македонија имаше море