Home Live Стојанче Ангелов прослави јубилеeн роденден на ова преубаво и познато место со...

Стојанче Ангелов прослави јубилеeн роденден на ова преубаво и познато место со најсаканите (ФОТО)

Стојанче Ангелов пред некое време учествуваше во емисијата на јутјуберот Стефан Лазаров, поточно во Карпул Караоке.




-Јас и тогаш, и потоа, и денес сум човек, пред се’, сум човек, а потоа се’ друго. Функциите се минлива работа, сега сум директор, можеби додека се возиме, на седница на Влада ќе не разрешат и нема да бидам директор, но пак ќе бидам јас Стојанче Ангелов.

Да бидам искрен, за почеток би рекол дека јас себеси никогаш не сум се гледал како специјалец, кога бев млад, бев прилично тенок би рекол, вежбав карате во карате клубот ,,Македонка” во Штип.




И сметав дека за човек да биде специјалец, полициски, армиски, треба да е голем, крупен и да не е премногу надарен со интелигенција, а јас бев обратно, се сметав за надарен.

Потоа кога отидов во специјалната единица, потполно ја променив мојата претстава како треба да изгледа еден специјалец, бидејќи добар специјалец треба да е многу набилдан и да е многу паметен, затоа што се носат одлуки, понекогаш воопшто се нема време, потребен е добар тренинг.




Некои одлуки се буквално автоматизирани, ако видите опас ност, ако некој треба да пу ка во вас, само ја кревате пушката и пу кате, без да размислувате.

-Јас сум оперативен директор и иако ја имам функцијата директор, јас сум постојано на терен со луѓето од центарот за управување со кризи, каде што има извонредни професионалци со одлично искуство и заедно со нив постојано се движам на терен, работиме заедно, решаваме проблеми на граѓаните, се грижиме за безбедноста на граѓаните.




Стојанче откри и дел за неговото семејство, всушност за брат му кој е музичар:

-Мојот брат не е само феноменален музичар, туку е и професор на музичката академија, доктор на науки, предава народни инструменти.

Кога мојот брат беше мал, јас сун постар од него само 2 години, почна активно да свири на гајда, немаше ни 10 години, и јас пробав, но не излегов толку талентиран.




Јас сум добар слушател, особено ако има ладно пиво додека слушам. Јас не запловив во музичките води, но сум страстен слушател на разновидна музика.

Брат ми почна да свири 82 година, тогаш многу малку се слушаа тие инструменти, дома сме затворале прозорци и врати кога свиреше. Јас можам да се пофалам дека Пеце Атанасовски има доаѓано кај нас дома, учествувал барем делумно во обуката на брат ми за свирење.




Ангелов ги покажа своите браќа, во фотографија која ја сподели како спомен, и интересно е што сите тројца браќа ептен си личат, но не само тоа, туку имаат ист стајлинг.

Браќата на Стојанче се викаат Горанчо Ангелов- Гајда, и Марјан Ангелов, и сите тројца носат карирани кошули. Браќа Ангелови (омилена боја Карирана), напишал Ангелов под семејната фотографија.




Сопругата на Стојанче Ангелов и негова голема поддржка во изминативе 18 години, жената која што заедно со него мина низ многу животни битки. Во една прилика, за „Фокус“ отворено раскажа за нивната љубов и за семејството.

Во времето кога ова го раскажуваше, Стојанче повторно заминал во Ирак, каде што работел на мобилно обезбедување, и ќе остане таму неколку месеци.




Вели дека разделбите многу тешко и паѓаат, но принудени за егзистенцијата на нивното семејство немале друг избор.

Сепак, таа рекла дека и по сите неправди кои што ги снашле во животот, таа е голем оптимист и верува дека сега, кога Македонија е пред нови избори, доброто ќе победи.

-Веќе 18 години се зад нас и две прекрасни деца Сара и Марко. Разликата меѓу нив, една година и 15 дена“, рече Јасмина.




-Покрај нашите, тука се мојата и неговата ќерка, Ева и Каролина. Двете имаат по 22 години. Така имаме четири деца. Прекрасно е чувството да си мајка на повеќе деца.

Интересно е тоа што Стојанче Ангелов и Благоја Грујовски се само 1 ден разлика, а се родени во иста година, 1972. Тоа значи дека тие двајца оваа година прославија 50-ти јубилеен роденден.




Додека на Благоја Грујовски, веста за роденденот ја објави неговата колешка Ирена Спировска која му честиташе со слика, Стојанче објави семејна фотографија со сопругата и двете деца во познатиот хотел Романтик во Велес.

Стојанче изгледа многу среќно и освежено, а тоа е најмногу затоа што денот го помина со неговите најблиски, особено сопругата која му е најголема поддршка.

„Ни повеќе, ни помалку. 50-ка на рамно,“ – напиша Стојанче во описот на фотографиите.

Previous articleOваа песна ја опишува Марина Туцаковиќ со секој збор: „Алхемичарот“ ќе се емитува на сите радио станици во понеделник, по повод годишнина од заминувањето на Марина
Next articleКарлеуша објави како изгледа без шминка, никој не ги гледа облините, кога се откри природниот изглед на пејачката (ФОТО)