Home Live Познатата Ју пејачка љубеше милонер, правеше сè за да го задржи, ама...

Познатата Ју пејачка љубеше милонер, правеше сè за да го задржи, ама не успеа- тој се утеши со оваа убавица

Хрватската пејачка Нина Бадриќ, младешкиот изглед и витката линија им ги должи на големата промена инспирирана од Новак Ѓоковиќ. Имено, таа пред повеќе од две години од исхраната ја исфрлила храната од животинско потекло, а понекогаш јаде и малку риба.




-Од кога јадам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со сите претходни години кога не размислував толку многу на што храна што ја јадев.

Долго време ја држам диетата на Новак Ѓоковиќ и многу блиски луѓе кои така се хранат со години и се навистина има смисла. Мојата сила се удвои. И духот и телото.




Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана и затоа килограмите се топат.

Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од ваквата диета се навистина непроценливи за нашето здравје и живот, изјави Нина со објава на Инстаграм.




На 5 јули, таа го го прослави јубилејниот 50-ти роденден, а со годините изгледа се’ подобро и подобро и често добива комплименти од обожавателите дека со годините изгледа се помладо и помладо.

Пејачката неодамна објави фотографија на Инстаграм на која позира на скалите во костим за капење и бела наметка, воодушевувајќи ги своите следбеници.




„Ти си толку прекрасна“, „Убава и жешка Нина“, „Царица, стануваш помлада“, беа само дел од коментарите.

Вистина е дека Нина младешкиот изглед и витката линија им ги должи на големата промена инспирирана од Новак Ѓоковиќ, и тоа и самата го има изјавено во повеќе наврати.




Пејачката Нина Бадриќ со години градеше кариера без скандали, но исклучиво со песни кои и отворија врати и ја туркаа кон музичкиот врв на некогашната Југославија.

Секогаш сте насмеани, позитивни. Колку тоа беше двигател за вас и во најтешките моменти од вашиот живот?

– Мојот дух е светол. Од тогаш. Уште како дете бев главен двигател во општеството, на училиште. Ја имав таа харизма на радост која, фала богу, не ме остави до ден денес.




Со оглед на тоа дека во хороскопот сте Рак, дали сте чувствителни, романтични и како ги прифаќате љубовните порази?

– Емотивна сум и имам меко срце. Но, со годините се учи да не се фрла тоа меко срце пред сите. Само ретките го заслужуваат тоа.

Вие сте некој кој немал козметички процедури. Дали тоа значи дека најважно е душата да е чиста и убава, а не само дека човекот е визуелно уреден?




– Немам ништо против естетските зафати, напротив. Ако луѓето се незадоволни од нешто, нека одат на лекар. Но, не сакам претерување во се’.

Многу жени ми беа многу поубави пред корекции, како после процедурата да ја изгубија својата посебност. Сите изгледаат слично и сите некако ја следат естетиката на Ким Кардашијан.




Поентата на естетската хирургија треба да биде разубавување на човекот. Но, ако човек не зрачи со ништо благородно, тогаш тоа не е целосна убавина.

Сметам дека различноста е убава. Мене, на пример, Констрактa ми е убавa и би сакалa да стане пример за девојки и жени како некој кој е изграден од вистинските основи внатре и надвор.




Нина Бадриќ беше во брак со милионерот Бернардо Красниќ, но овој брак не успеа. И покрај големата љубов на сега веќе бившиот брачен пар, несудениот на Нина набрзо се оженил за убавица со необично име.

Бернард моментално е во брак со Латица Иванишевиќ, за која велат дека е вистинска убавица. Инаку, Нина и Красниќ беа во врска 12 години, а во 2003 година се верија во Дубровник, па се венчаа, а потоа раскинаа и продолжија понатаму, а секој тргна по својот пат.




Свадбата од бајките се одржа пред 180 гости, а Нина блесна во венчаница од скапа марка. Тогаш, луда од љубов, немала поим дека на љубовта ќе и дојде крајот по само три години, пренесуваат медиумите.

Нина дури испрати и официјално писмо до јавноста во кое како причина за разделбата ги наведе непомирливите разлики и емотивната дистанца. Сепак, после тоа успеаја да го спасат бракот и официјално се разведоа дури во 2012 година.

Пејачката постојано даваше изјави за медиумите за колапсот на нејзината љубов со милионерот.

„Ние на бракот не му дадовме една, туку две шанси, но за жал не ни успеа. Се разбира, не сум среќна поради тоа, но барем не можам да се обвинам себеси што не направивме се по ред за нашиот брак да опстане“, изјави тогаш Бадриќ.

Бернард брзо најде утеха во Латица Иванишевиќ, со која се ожени во 2015 година, по две години врска. Латица на јавноста и е најпозната по врската со тенисерот Маријо Анчиќ, со кој раскина на почетокот на 2011 година.

Previous articleЗорица Црношија отворено прозборе што е она што го мрази кај мажите, дали и Трендо е таков?
Next articleАктерот кој вчера го напушти овој свет, во едно од своите последни интервјуа раскажа што му се случило со Бата Живојиновиќ