Home Live Уште една лична приказна на Турунџиева: Храбрите бараат помош, а слабите трпат

Уште една лична приказна на Турунџиева: Храбрите бараат помош, а слабите трпат

Сакам свет со добри и свесни луѓе, кои ќе размислуваат глобално, зашто среќата е убава кога се дели со останатите“, е девизата на нашата позната пејачка, наставник, водителка и писател, Сузана Турунџиева.




Сузе е инаку горда битолчанка, и во едно интервју за macedoniantimeline.blogspot.com таа раскажа за нејзиниот роден град и за нејзината приказна за музика, која во Битола всушност и започнала…

-Битола е град со кој јас се идентификувам, се гордеам и со нескриени емоции а неретко и солзи во очите зборувам при секое мое интервју, или ТВ гостување.




Имав промоција во Битола и помина многу добро, во салата каде јас за првпат пред 30 години запеав, со многу емоции и чувства, кои замрзнале во моите спомени уште во периодот кога бев чупето од Битола“.

Кога започнав со пишување во 2007мата мислев дека цел живот, ако воопшто продолжам со пишување ќе пишувам само за мојот живот, одн. за она што го преживувам.




Но 5те минути ме воведоа во еден сосема поинаков свет, во кој јас доживеав вистинско откровение, и сфатив дека да креираш приказна, односно да измислуваш приказна и да креираш ликови кои не ги познаваш и не постојат, е многу возбудлива авантура, која ме прави премногу среќна, исполнета и позитивно настроена кон целата таа процедура додека трае создавањето на делото.

Тоа е една невидена екстаза, во која учествувам целосно, со секој атом енергија и емоција која не ја штедам ни малку.




Идеите ми доаѓаат спонтано, ненајавено, непланирано… Во секој миг од моето постоење.

Додека возам, чистам, шетам и спијам… Се инспирирам од се што ме опкружува, од се што восприемам и не чекам време, ами сега и веднаш отпочнувам со фаќање белешки, за да не ми замине идејата“, рече Сузана за свпите дела, а потоа зборуваше и за музиката.




Музиката отсекогаш беше јазикот на кој најдобро се изразувам…. Пеам, значи постојам! беше мојата девиза.. Најнесреќна сум била во животот секогаш кога ми било болно грлото, кога не сум била способна да пеам..

Тогаш тивко уми рав.. иако знаев дека ќе помине, дека не е ништо опасно. Но, животот ме однесе на едни сосема други раскрсници, каде се помалку има простор за музика, а се повеќе време за пишување.




Свирам на клавир, гитара и хармоника. Клавирот ми е секојдневен придружник и е составен дел од мојот живот. И колку и да имам тежок, напорен ден, јас седнувам, свирам и пеам, а дури тогаш сите виуги во мојата глава си доаѓаат на своето место“.

Турунџиева неодамна се налути и на Фејсбук ги прозва сите оние кои ја навредувале и ја омаловажувале нејзината пријателка, пчеларката Атиџе Муратова, и во својот нов статус напиша:




-Ви се обраќам во име на Атиџе. Сите, кои деновиве се осмеливте да го ставите во вашите пог ани усти големото име на Атиџе (па и моето) и да вре ѓате, плукате, судите и омаловажувате некого на кого не сте му ни до колена, срам и грев да ве фати…

Па дај боже и вие да живеете “богато” (со 4000 ден во месецот) како и Атиџе. А на сите кои се дрзнуваат лажно да продаваат мед под нејзино име, арам да им се парите. Потенцирам: Мед од Атиџе е само оној кој сте го купиле лично од неа!!!!




Додека на оние пак, на кои 20 евра за медот на Атиџе ви се многу, не морате да купите, ама барем не морате ни да лаете и ширите сомнеж со триста бесмислени шпекулации.

А што се однесува до мојата мисија за помош и поддршка на Атиџе, И БЕЗ ВАС ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ!!! Бог на нашиот пат секогаш испраќа добри луѓе со кои сите предизвици, чекор по чекор ќе ги совладуваме, ЗАЕДНИЧКИ“, напиша Сузана.

Откако почнаа да се дружат, евидентно е дека и на Атиџе Муратова, но и на Сузана Турунџиева, почнаа да им се случуваат убави работи во животот.




-Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.




Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече неодамна Турунџиева во „Магазин“ на Сител.

Турунџиева на Фејсбук, низ нов статус, раскажа уште една од своите лични приказни. Таа всушност пораува дека кога ни е тешко, сите треба да бараме помош.

– Од секоја ситуација постои излез, па дури и од твојата… Ако не можеш сам(а) побарај помош, бидејќи храбрите бараат помош, а слабите трпат… Колку и да ти е тешко, не заборавај дека за секој проблем има минимум две решенија: првото е да веруваш во себе, а второто е да се бориш!“, порача Сузана.

Previous articleАктерот кој вчера го напушти овој свет, во едно од своите последни интервјуа раскажа што му се случило со Бата Живојиновиќ
Next articleБлагоја Грујовски слави јубилееен роденден, никој не би му дал олку години, објави тазе слика со оваа наша легенда (ФОТО)