Home Live Васил Зафирчев откри детали за серијата „Преспав“- добри вести за обожавателите на...

Васил Зафирчев откри детали за серијата „Преспав“- добри вести за обожавателите на Марио

Комедијата е најтешка за работа затоа што почива на многу прецизна математика. Таму секоја реакција, секоја реплика, секој еден однос е многу точно, многу прецизно изграден, врече во едно интервју за „Приказна“, актерот Васил Зафирчев.




Нашиот познат актер кој е долги години на театарската и на ТВ сцената, а последниве години и младо и старо се смее со ликот Марио, во серијата „Преспав“ кој е од Хрватска и е всушност лажен готвач.




– Имав безгрижно детство. Во земјата на братството и единството се растеше во игра, благосостојба, исполнетост и во хармонија.

Последна генерација пионери. Родителите на нашите родители ни беа оставиле поубава и посредена држава за живеење од онаа што, за жал, ние ќе им ја оставиме на идните генерации.




Иако единец, не бев ни малку разгален. Напротив, бев воспитан да имам став. Право на одлука и избор, но и преземена одговорност за тоа. Растев со целосна слобода во желбите, афинитетите и предиспозициите, но и со почитување на правилата, редот и дисциплината.

Светото тројство на тоа воспитување беа чесноста, одговорноста и работливоста, а главната максима „сакам, значи можам!“




Систем на вредности што денес е целосно неадекватен на светот во кој живееме.

Младоста, пак, ми беше отворена, храбра, луда и непредвидлива, но со правилни избори и соодветни можности низ кои сè повеќе се откривав себеси. Немав идоли. И никогаш не сум сонувал за победи. Никогаш не сум се натпреварувал со никого. Освен со себе. Но, не за да се победам, туку за да се запознам подобро.




Најважна е вербата во себе. И желбата за учење, за откривање нови светови, поинакви искуства. А потоа и размена на тие искуства со другите и споделување на доживувањата врзани за нив.

Животот секогаш нè подготвува за промените, иако доаѓаат навидум ненајавено. Најчесто се случуваат како последица на настани и луѓе, некои добри, некои лоши, но и едните и другите со иста цел.




Да нè променат. И да нè поттикнат на лично растење. На развој“, изјави актерот во интервју за Елементал.

-Театарот за мене е живот. И театарот треба да се занимава со животот. Со неговата уметничка промисла на сцената. Покрај вербата во себе, трудот и посветената работа. Но, и храброста во прифаќањето и носењето со предизвиците“, кажа тој во истото интервју.




За CRNOBELO.com, тој вели дека во Преспав, Марио најмногу мрази месо, а во приватниот живот Васил не знае да мрази. Во серијата, Марио го расположува кога го добива тоа што го сака, а Васил го расположува Преспав и екипата.

– Телевизијата е моќен медиум. А Преспав е магапопуларен. Тоа ве прави повеќе експонирани во јавноста. Луѓето повеќе ве препознаваат на улица. Повеќето од нив имаат и потреба своите импресии од серијата да ги споделат со вас.




Тоа е убаво искуство. Бидејќи дава можност за една директна, непосредна комуникација со оние кои ве гледаат покрај малите екрани.

Се трудам повеќе Марио да го откривам и пронаоѓам во типови на луѓе и ситуации од секојдневието. Тоа му дава верност на ликот во комуникацијата со публиката. Во суштина нè врзуваат малку заеднички работи. Ми се допаѓа што е вегетаријанец и јогист, исто како и јас.




На кастингот знаевме само основни информации за ликовите и нивните односи. Деталите околу нивната биографија ги откривавме во процесот на пред-продукција на серијата. Тогаш заедно со режисерите можевме да ги развиваме карактерите на ликовите.

Времето за подготовка е кратко. Финалното сценарио за снимање го добиваме најчесто вечер пред снимањето. Тоа бара добра ментална и психо-емотивна кондиција за да можете брзо да учите текст и брзо да ги извршувате актерските задачи.




Но за повеќето од сценаријата авторите веќе се толку извештени што ми пишуваат директно на хрватски. Па мене ми останува само одредена корекција околу граматиката и правоговорот“, рече Васил за Точка.

Каков сум приватно најдобро можат да кажат само оние кои лично ме познаваат. Сликата што јас ја имам за себеси зависи од себедожувањето.

А тоа не секогаш е објективно. Затоа, претпочитам да ме препознаваат преку делата“, откри Васил во новото интервју за citynews.mk

Потоа, раскажа и детали за серијата Преспав која е важна за обожавателите на оваа серија и за тоа дели ќе има продолженија.

– Во тек се снимањата за најновата македонска серија “Бистра вода” во режија на Јани Бојаџи, а во продукција на ТВ Алфа, каде што ја толкувам улогата на Жан. Се работи за играна продукција од 12 епизоди, којашто премиерно ќе биде прикажана до крајот на годината.

Во октомври ме очекуваат завршните проби и премиерата на “Инферно” според Данте Алигиери, во режија на Дејан Пројковски. Претставата е во продукција на мојот матичен театар во Велес, а во неа ја толкувам улогата на Вергилиј.

Ноември, пак, е резервиран за снимањето на новата сезона на “Преспав”“, откри Зафирчев, што значи дека пак ќе се дружиме со ликот на готвачот Марио. Инаку, оваа серија ќе ја емитува својата седма сезона.

Previous articleЗгодната пејачка Елена се пофали со нов бизнис, а еве колку јако изгледаше на отварање на овој објект (ФОТО)
Next articleГодините ништо не и можат – Маријана од домашен амбиент во Австралија им покажа на помладите како се пее во живо (ВИДЕО)