Home Live Згодната пејачка Елена се пофали со нов бизнис, а еве колку јако...

Згодната пејачка Елена се пофали со нов бизнис, а еве колку јако изгледаше на отварање на овој објект (ФОТО)

Освен по тоа што е атрактивна и убаво пее, таа е позната и по тоа што со свирењето на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство.




Елена Јовческа е една од нашите најпопуларни пејачки кај нас и во дијаспората и себеси се нарекува амбасдор на македонската култура.

-Јас сум горда што насекаде кажуваат дека сум амбасадор на македонската публика. На сите моите турнеи сум пречекана како дома..

Си го сакам својот народ и онолку колку што ги сакаш луѓето, те сакаат и тие тебе.




Еве, јавно се заблагодарувам на сите што биле на моите концерти насекаде во светот“, изјави таа во едно интервју за estradaworld.blogspot.com

Елена одлично „вози“ и во новокомпонираните, и во народите песни кои ги бара нејзината публика.

– Имав одлична турнеја, од моите песни на прво место е „Горда Прилепчанка“, потоа „Коса ми побеле“, песна која ја испеав од легендата на македонската песна Виданка Георгиевска, каде што бев и нејзин гостин на нејзиниот јубилјеен концерт.




Потоа „Пола живот помина“ и „Мики не си фер“, додека пак помладата популација ја бараат „Шмизла““, изјави Елена во истото интервју.

Таа ја објави песната „Не ме допирај“, која предизвика интерес кај нејзината публика.

-Текстот е љубовен. Сакав и направив песна различна од сите други и сум горда на самата себе.




НЕ МЕ ДОПИРАЈ е песна која што многу и се допадна на младата популација и ми е драго за овај успех.

Во текстот се раскажува во сеќавање како некогаш имало љубов биле среќни и тоа исчезнало. Затоа и се вика НЕ МЕ ДОПИРАЈ!“, изјави Елена за ubava.mk

Една од најбараните фолк пејачки во Македонија, во една прилика учествуваше на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, каде што имаше одличен настап со нејзината песна “Чорбаџија”.




Таа во едно интервју за ИН ТВ накратко ја раскажа и приказната на оваа песна, во која е опишана една голема и вистинска љубов.

-Музиката и аранжманот за песната “Чорбаџија” се дело на мојот колега Бобан Мојсовски, а текстот е на Елена Јовческа, односно се погрижив лично јас.




Станува збор за љубовна песна во која се зборува за една девојка која е заљубена во едно момче, но момчето не е толку богат и не е чорбаџија, а нејзините родители ја даваат само на чорбаџија. Меѓутоа тој оди во туѓина, па се враќа и ја зема девојката за своја невеста.

Само што дојдов одма ми ја побараа “Грешна љубов”, но одлучив да настапам со “Чорбаџија” бидејќи е народна песна и мислам дека точно за овој амбиент потребна ми е таа песна.-вели Јовческа за естрадниот магазин Естрада плус.




Таа за Женски магазин раскажа како си ја негува убавината: Да бидам искрена јас сум личност која не користи многу козметика и кога не сум на настап сакам да изгледам најприродно.

Токму затоа не преферирам да користам многу козметика. Природно си е природно.

Линијата моја (се смее) тешко прашање… Внимавање на исхрана и многу вежбање. Веќе тренирам кик бокс.




Во Прилеп тренирав кај мојот драг пријател Филип Сливјаноски, а сега бидејки живеам во Скопје тренирам кај Иле Ристески“, изјави фолкерката.

Елена за Шило магазин претходно открила живее во Скопје и е вработена во добро позната фирма МБД Груп која е опшествено одговорна компанија која се занимава со монтажа и изработка на ПВЦ прозори, врати и продажба на овошна ракија, а исто така МБД Груп е и спонзор и на РК Бутел.




Елена е инаку диполмиран економист.

Пејачката сега на Фејсбук објави дека има нов бизнис, а тоа е салон за убавина. Таа на Фејбук објави слики од отварањето на салонот. Во тесен фустан со шлиц и откриен стомак, Елена изгледала топ и добила многу честитки од нејзините следбеници на Фејсбук за новиот бизнис.

Previous articleБлагоја Грујовски слави јубилееен роденден, никој не би му дал олку години, објави тазе слика со оваа наша легенда (ФОТО)
Next articleВасил Зафирчев откри детали за серијата „Преспав“- добри вести за обожавателите на Марио