Home Live Зорица Црношија отворено прозборе што е она што го мрази кај мажите,...

Зорица Црношија отворено прозборе што е она што го мрази кај мажите, дали и Трендо е таков?

Зорица Црношија – Зока, Зоричка, како за кој, е родена во Скопје во семејство на татко доктор и мајка правник. Таа беше дел од аматерското театарско студио „Црв“, значи од многу рана, нејзина тинејџерска возраст.




Во тоа време стана и учесник во многу телевизиски проекти како автор, сценарист, водител и монтажер на А1 ТВ, Телма и МТВ (преку проект поддржан од Советот за радиодифузија).

Зад неа се многу радиски, продукциски и модераторски ангажмани и проекти. Потоа професионално ангажирана во Адвертајзинг агенцијата „Публицис“ цели 16 години како ПР-менаџер.




Во моментов е менаџер за големопродажба во „Студио Модерна““, објави Епсресоп.мк за оваа наша позната емдиумска личност.

Зорица му е сопруга на Сашо Мацановски- Трендо и имаат две деца, Мате и Бела.




– Јас обожавам силни, стабилни, бестрашни жени, со стратегија за приватен и професионален успех уште во раната младост. Жени што имаат визија за иднината, мотивирани, истрајни и фанатично издржливи.

Жени со големи срца, кои својот успех и супериорност го базираат на емпатија, подготвени да ја стават грижата за другите над своите интереси.




Жени што ја почитуваат личноста на секој поединец и го зајакнуваат неговиот потенцијал“, рече таа во едно постаро интервју за Женски магазин.

Зорица беше гостинка во емисијата „15 минути со Нина“, на телевизија „Телма“, и зборуваше за тоа каква личност е , за семејството, но и за сопругот, Трендо.




Семејетсвото не го оптеретувам. Мајка ми мене ме оптеретувала во детството со нејзните опсесии, јас не ги оптеретувам моите, иако знам на моменти да има епизоди, нели, кризи во кои така ќе проповедам, што треба да се прави, како треба да се прави.




Децата ме направија подобар човек, и ме научија дека ради нив сум се научила, сите мои грешки во минатото да ги корегирам, контра теза на сето она што сум го правела во младоста. Не знам, ми дадоа причина да се корегирам“, рече таа.

Потоа, разговорот продолжи за Трендо, по прашањето на новинанарката дали се уште стои на Ставот дека е среќна што се омажила за него, по што Зорица потврдно одговори.




– Ние сме ден и ноќ, различни сме, апсолутно на прв поглед некомпатибилни. Тој е боем, човек којшто сака да ужива во животот, јас сум стрикна, многу дисциплинирана, многу Германец.

Во новиот расговор за Еспресо, таа изјави: Телевизијата одамна не е моето место на творење, иако тогаш се чувствував автентична и своја. Беше убав период на креирање, работа и забава.




Но, со годините, полињата и новите територии за освојување, жарот за медиуми згасна.

Адвертајзингот е убаво, но магловито поле на дејствување. Продажбата е тешка, но егзактна. Е јас сум во бермудскиот триаголник меѓу сите три. И тука засега е добро.

Мојот став кон облекувањето е толку автохтон, што не сум заинтересирана за тоа во која група спаѓам.




Ниту се сметам за модерен човек, а ниту за поединец со изграден стил. Мојата желба или потреба да се изразам преку облеката мутира и се преобразува постојано.

-Што цениш, а што те нервира кај мажите?“, ја прашале потоа, а таа одговорила:

– Ме избезумува таа една целоживотна мрза, тромавост и флегматичност. Идеја дека секогаш има некој друг да ги заврши нештата. Неоптовареност.




Игнорантски однос и левтерност“, изјави за Еспресо Црношија.

Previous articleД-р Пановски замина во пензија, познатите музичари што му свиреле на увце објавија слики од забавата во ресторан (ФОТО)
Next articleПознатата Ју пејачка љубеше милонер, правеше сè за да го задржи, ама не успеа- тој се утеши со оваа убавица