Home Live Карлеуша објави како изгледа без шминка, никој не ги гледа облините, кога...

Карлеуша објави како изгледа без шминка, никој не ги гледа облините, кога се откри природниот изглед на пејачката (ФОТО)

Српската пејачка, Јелена Карлеуша неодамна го прослави својот 44 роденден, а иако многумина едвај чекаа да видат каква забава ќе направи, Јелена откри дека оваа година ќе ја прескокне прославата.




Наместо на забава, таа одлучила денот да го помине со ќерките со кои отпатувала во Дубаи, исто како и лани.

И додека нејзините обожаватели нетрпеливо ги чекаа првите фотографии од новото патување, на мрежите се појавува нешто постаро, но секако провокативно, каде што ЈК е раскомотена.




Јелена Карлеуша е позната и како една од најдобро облечените пејачки на домашната сцена, а секое нејзино појавување и нејзините избрани, но и многу скапи парчиња облека се коментираат со денови.

Неодамна блесна во заводлив син фустан на роденденот на Милица Павловиќ, а само неколку дена пред тоа го заскокотка интернетот со топ лес фотографии од јахтата на која престојуваше во Црна Гора.




По големиот новогодишен концерт во Белград, Јелена летово одржа голем број настапи за кои се бараа билети повеќе, а неодамна откри дека конечно решила на публиката да и подари нов албум.

Бившиот сопруг на пејачката, Душко Тошиќ, до неодамна фудбалер, а сега и фудбалски менаџер, беше на стадионот „Шенол Гунеш“ во Трабзон и го следеше натпреварот помеѓу Црвена Звезда и ФК Трабзон во второто коло од групата Х во Лига Европа.




Иако практично помина само две сезони во Црвена Звезда, поранешниот бранител се потсмеваше на своите поранешни клупски другари.

Колку е верен на својот клуб покажа и самиот. Душко, кој по успешната фудбалска кариера ги замени чизмите со одело, стана спортски менаџер и моментално живее во Истанбул.

Неодамна, Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка, сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ тоа ѝ годи.




Таа отсекогаш сакала внимание. Причината е многу интересна.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата ста рлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Имено, вниманието на американската јавност го привлекоа фотографиите на кои Ј.К. позира во комбинации на облека што подоцна на свој начин ги носеше Ким Кардашијан.




Имаше толку многу материјал што секоја помисла дека е само случајност би била луда, напиша српскиот портал Нова.рс.

Американскиот магазин „Неделник“ прв ја објави информацијата дека Ким Кардашијан наводно го украла стајлингот на Јелена Карлеуша, па тоа го сторија и други странски медиуми.




На оваа тема пишуваше и познатото списание „Космополитен“, кој на својот портал објави вест под наслов: „Оваа жена многу личи на Ким Кардашијан, нема да им верувате на своите очи – и тврди дека Ким ја копирала“.

Набргу потоа, магазинот „Elle“ го стори истото, и објави напис во своето онлајн издание, со наслов: „Оваа поп-ѕвезда тврди дека Ким Кардашијан ѝ го украла стилот“.




Тогаш британскиот „Дејли меил“ и посвети на Карлеуша напис со наслов: „Дали е таа крадец?“ Ким Кардашијан е обвинета за кражба на стилот на српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша“.

Пејачката Јелена Карлеуша, која неодамна се појави во бел фустан на свадбата на ќерката на Мира Шкориќ, за што мораше да се „оправдува“ на социјалните мрежи, повторно е во центарот на вниманието.




Јелена на своeто Инстаграм стори објави слика од гардероберот во новата куќа на Дедиње, која има 250 квадрати, бања и сауна, позирајќи во жолто бикини кое едвај и ги покриваше облините.

На главата носеше марама со ист дезен како микро бикинито, но вниманието на следбениците не беше толку насочено кон силиконите, туку кон лицето на пејачката.




Карлеуша најавувајќи го настапот со провокативна фотографија покажа и како изгледа без трошка шминка.

Previous articleСтојанче Ангелов прослави јубилеeн роденден на ова преубаво и познато место со најсаканите (ФОТО)
Next articleОливера Балашевиќ: Кога бев бремена со Алекса, Ѓорге ми рече ќе земе венец од лук за да ме oдбие