Home Live Фросина: Еве една Влашка рецептура како ајварот да ви потрае цело зиме...

Фросина: Еве една Влашка рецептура како ајварот да ви потрае цело зиме (ФОТО)

Фросина Ременски е поранешен висок функционер на СДСМ,  поранешен Потпретседател на Собранитето и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.




Денес, таа е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје, а на последните внатрепартиски избори во СДСМ, учествуваше со своја кандидатура и освои значителен број од гласовите. Сепак, нов лидер, а подоцна и премиер, стана Димиар Ковачевски.

Политичката кариера на Фросина Ременски е шпозната речиси за сите, но малкумина знаат дека професорката Ременски е гурман и одлична готвачка.




Таа редовно на својот профил на социјалните мрежи, постира специјалитети кои ги подготвува ФОФ ГОРАТА, во нејзиниот роден Малешевски крај, или во куќата во скопско Бардовци.

Фросина Ременски ги изненади сите, кога за својот лански роденден, влезе во народна кујна и готвеше оброк за десетици граѓани:




„Денес кога полнам 44 години имам една желба што ја повторувам секоја година – да сум жива, здрава и среќна заедно со моите три сопругот Јовче, синовите Петар и Никола; моите родители и сите мои блиски и драги, незаменливи пријатели.

Стареењето го сфаќам како процес на созревање (во секоја смисла) и поттик за обновување на младешкиот дух што не’ држи витални и храбри да се радуваме на сите успеси и да ги совладуваме сите предизвици.




Моите години ми донесоа многу радост, љубов, успеси и храброст за совладување на сите препреки.

Благодарна сум за се’ што имам, и посакувам радост и успеси на сите што ме познаваат и ме почитуваат!

Благодарам за сите убави честитки и желби. Ги возвраќам двојно! Да сме живи и здрави и да славиме/честитаме долги години убави поводи!“




Ременски отиде во народната кујна во Шуто Оризари и со помош на тамошните волонтерки, подготви преку триста оброци за оние кои немаат каде да се прехранат. Фросина овие луѓе ги почести и со парче торта. Еве како тоа изгледаше:

„Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.




Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед. Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.




Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари со песна готвевме заедно со тетка Перјан, Сафија и Неврија. Подготвивме и спакувавме 320 оброци и по парче торта за мојот 44 роденден.

Пред народната кујна не пречекаа повеќе од 300 жители на Шуто Оризари. Редот пред дистрибуцијата ја правеа Марсел и Селдат, а храната ја дистрибуиравме со Анет, Фадиљ, Ружди, Ќамуран и Шенго. За фото беше одговорен Фуат.




За истакнување е што сите вработени во Општината Шуто Оризари со голема љубов и посветеност одвојуваат еден час од работното време за дистрибуцијата на храната за своите сограѓани.

Посебна е посветеноста на Fatima Osmanovska без која многу од работите во кујната нема да бидат така. Моето прекрасно искуство ќе го повторувам секогаш кога треба и може да се помогне за нашите сограѓани.




Ги повикувам сите хумани граѓани, јавни личности и функционери да помогнат за секоја хумана активност што ќе израдува деца и семејства. Ако го искорениме гладот, можеме да кажеме дека сме направиле нешто за заедницата и човекољубието, напиша тогаш Ременски.

Денес, професорката Ременски, своите следбеници на социјалните мрежи, ги израдува со рецепт, за таканаречен Влашки ајвар:

„Еве една Влашка рецептура како ајварот да ви потрае цело зиме.




Ќе го направите полут од тоа што вообичаено јадете, за да кога ќе седнете да јадете ајварче со лебче, оди повеќе лебче и разбира се беровско сиренце.

Зар’заватот струмички, рецептура влашка, оправија бардовачка, сирење беровско. Солидарно и акциски со сите ајварџии. Мале, мале …., малее …“

Previous articleБогдана Ражнатовиќ издоминира со изгледот на свадбата кај сестра си: Ова е приказната за трите сестри Родиќ
Next articleПрвата дама Елизабета и претседателот Пендаровски се поклонија и се запишаа во книгата на жалост