Home Live Кекеновски: Еве како изгледа еден 60 годишен ,,олдтајмер” кој паузирал повеќе од...

Кекеновски: Еве како изгледа еден 60 годишен ,,олдтајмер” кој паузирал повеќе од 25 години (ВИДЕО)

Редовниот професор на Битолскиот универзитет, Јове Кекеновски, веќе триесет години е присутен на македонската политичка сцена.




Тој во минатото беше висок функционер во Град Скопје и во партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде во 2014 година ја поднесе својата номинација за претседателски кандидат.

Тој смета=е дека неговите шанси на овие избори се најголеми бидејќи, како што рече, на Македонија и треба човек од народот, за народот, кој има визија и е одговорен.




Сепак, во ерата на Никола Груевски, фаворит на раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше Ѓорге Иванов, кој и победи на тие претседателски избори.

По ова, Кекеновски ја формира партијата ФРОДЕМ,а во последните години се профилира и како политички аналитичар, кој е чест гостин на дебатните емисии, но своите ставови често ги споделува и на својот профил на социјалните мрежи.




„НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ – ЛИДЕРСКИ ПОСЛУШНИЦИ“

Како и поранешните така и сегашните пратеници се слепи послушници на лидерите на партиите на кои им припаѓаат.

Тие се најдолни и најмизерни партиски кадри кои наместо да му служат на народот им служат на лидерите на партиите. Се работи за слепи партиски послушници, живи ,,роботи” без грам акал и совест кои беспоговорно извршуваат се што ке им наложи лидерот на партијата само заради удобствијата кои ги нуди неговото опстојување или доаѓање на власт.




Знаат ли овие партиски слепци што значи воља на граѓаните? Знаат ли што е посредна и непосредна демократија?. Знаат ли кое е значењето на Референдум како највисок инструмент на непосредната демократија?. Знаат ли што и која е функцијата на Уставниот суд? Знаат ли кој може и кој треба да биде уставен судија? Знаат ли што е тоа достоинство? Знаат ли…., знаат ли…..?!.




Дури и некој од нив нешто и да знае, не сме и не му дозволуваат да знае!.

Едноставно НИШТО НЕ ЗНААТ. Најдоброто што го знаат е да крваат рака ,,ЗА или ПРОТИВ” онака како што ке им наредат лидерите.

Затоа порано Трајко, а сега Талат им е ,,цар” во законодавниот дом.




Деградацијата на Законодавниот дом, на Уставниот суд, поточно деградацијата на државата започна и набрзо ќе заврши благодарение на лидерите на политичките партии кои станаа султани поголеми од Султан Сулејман Величенствениот.

П.С. Секоја чест на неколумина пратеници кои се исклучок (помалку од бројот на прсти на едната рака) од вкупно 120 на број“, пишува Кекеновски во еден од своите последни статус, политички анализи.




Помладите можеби не знаат, но постарите сигурно паметат, дека Јове Кекеновски е виртуоз на хармоника!

Тој денес постираше две видеа, на кои се гледа дека годините ништо не му можат, односно, хармониката ја владее речиси како во своите најдобри денови:

„Еве како изгледа кога еден 60 годишен ,,олдтајмер”” кој паузирал повеќе од 25 години со многу вежбање во слободно време се обидува да си ја врати некогашната техника и брзина. (180 и 185 на ритам машината во позадина).




Се надевам следниот пат (за неколку дена) 195 – 200.“

Previous articleНедељка плаче за својот син кој го нема со години: Разбирам ако снаата се премажила, не ѝ се лутам
Next articleБогдана Ражнатовиќ издоминира со изгледот на свадбата кај сестра си: Ова е приказната за трите сестри Родиќ