Home News Првата дама Елизабета и претседателот Пендаровски се поклонија и се запишаа во...

Првата дама Елизабета и претседателот Пендаровски се поклонија и се запишаа во книгата на жалост

Повеќе од 10.000 полицајци ќе бидат на должност, а ќе бидат засилени од лондонските улични полицајци, како и полицајци од сите 43 полициски постави во Британија, ќе водат грижа за редот при последното испраќање на кралицата Елизабета.




Ќе има и стотици доброволци и припадници на вооружените сили кои ќе ја гарантираат безбедноста по патеката на погребната поворка.

Ова е само видливиот дел од мерките за безбедност, додека во понеделник ќе има полиција на покривите, кучиња на улиците и припадници на поморските сили на Темза, како и полиција на коњи.




Употребата на дронови над центарот на Лондон е привремено забранета, а аеродромот „Хитроу“ ќе приземји десетици летови за да се спречи бучавата да ја наруши погребната служба.

Друг предизвик е големиот број луѓе што се очекуваат околу Вестминстерската палата и по должината на рутата по која ќе се движи ковчегот, покрај Бакингемската палата и Хајд Парк.




Оттаму со специјален автомобил ќе биде пренесен на околу 30 километри до Виндзор каде што ќе дежураат уште околу 2.000 полицајци.

Полицијата постави повеќе од 36 километри ограда во центарот на Лондон за да ја контролира толпата, а ќе бидат засилени и метрото и железницата. Во центарот на Лондон се очекува да се соберат околу еден милион луѓе.




Кралицата ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор покрај нејзиниот сопруг принцот Филип.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег.




Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.




Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот.

Денес во Лондон присуствуваше и македонскиот претседател, Стево Пендаровски со сопругата Елизабета.

-Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора.




Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност.
Нека почива во мир.

Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија, напиша Пендаровски и сподели видео од моментот.

Многумина го прокоментираа стилот на сопругата на претседателот.




Таа важи за префинета дама, која дури и во ваков траорен момент, изгледаше екстравагантно, со изборот на гардероба и однесувањето.

Previous articleФросина: Еве една Влашка рецептура како ајварот да ви потрае цело зиме (ФОТО)
Next articleТрифун Костовски за првпат раскажа како ја оформил Кометал: Како се калеше челико