Home Live Анета Молика објави убави вести за Македонците од Австралија која ептен ги...

Анета Молика објави убави вести за Македонците од Австралија која ептен ги израдува

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Со групата Молика со која што настапува, тие се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Секој викен им е букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Таа за време на пандемијата дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

–Многу ми фали публиката нормално, на секој пејач би му фалела. Јас ова го работам од 14 години, така да, повеќе сум навикната со публиката, отколку дома.

Се надевам дека брзо ќе помине ова, не знам што друго би кажала бидејќи сите сме разочарани од ова што не снајде и не само нас, туку цел свет стр ада од оваа болест.

Мислам дека е време да мислиме на позитивни работи, на убави работи и да почнеме да се дружиме. Токму сега на колегите им зборував за тоа колку ми фали ова, да се собереме за снимање на Новогодишни шоуа, емисии или било што.

Многу ми фали навистина и сигурна сум дека на сите им фали.-истакна Анета, во интервјуто за ИН ТВ пред две години.

Да потсетиме, Анета и група Молика во изминатите месеци доста често одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.

-Ако продолжи вака ситуацијата нема да имаме планови навистина. Но, ние сме секогаш позитивни со позитивни мисли и кога беше полицискиот час и карантинот ние секогаш се дружевме со публиката, односно на народот им пружавме да биде нон стоп со музика, со песни, да не мисли на лошо.

Да не седи пред телевизор и да гледа лоши работи каде што се зборува само за вирусот. Ние постојано снимавме емисии во живо, се вклучувавме во живо.

Мислам дека публиката е задоволна со тоа и се надевам дека нема да има веќе такви концерти, туку ќе бидат во живо со нашата публика.-додава познатата пејачка за гледачите на ИН ТВ.

Анета во една прилика оствари соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ.

Но потоа, Анета крајно резигнирана, напиша статус во кој директно ги посочи своите колеги и колешки пејачи, но и автори, дека од Јутјуб ги бришат нејзините македонски и српски песни:

„Во изминатите 20-25 години од кога се занимавам со оваа работа, сум снимила многу Светски, Балкански, Македонски итн хитови.

Од сите тие светски (Англиски, Француски) хитови никој ама баш никој не се дрзна да бриши (по не знам кој пат) мои видеа од Јутјубе освен само и само нашите Македонски и Српските автори и изведувачи.

Јас ги разбирам żошто го прават тоа. Да ги потсетам, јас имам Официјален Јутјуб канал, меѓутоа до ден денешен не сум наплатила ниту еден единствен денар од снимање на други хитови.

Многу од тие заборавени песни сум ги вратила во живот и повторно се бараат и слушаат, а целта моја е и ќе биде само да не се заборават и народот да слуша убава музика без разлика дали е Македонска, Српска, Англиска итн.

Почитувани автори и изведувачи, колеги и колешки. Колку и да бришите не можите вие да избришите, колку што јас можам да снимам како мои песни, така и народни хитови и да продолжам да го веселам народот.“

Анета на својот официјален Фејсбѕук профил објави убави вести за Македонците од Австралија, тоест дека наскоро ќе се дружи со нив, и оваа информација ги израдува обожавателите на Молика.

Оваа наша позната група ќе пее во Пет, во Мелбурн, во Сиднеј….., поточно од 8 октомври до 19 ноември ќе одржат 11 концерти во разни градови. Респект, браво, вие сте една од најдобрите групи, се дел од коментарите кои се објавени под овој пост.

Previous articleАнета Наковска како птица преселница си летна од Македонија, во топлите краишта
Next articleПо долго време, во јавноста се појави Грациела Алачки, заедно со сопругоот Игор, изгледаа топ, а еве по кој повод се дотераа